2win800x200

За полицискиот час си се шетале низ Ресен

Март 26, 2020

Основното јавно обвинителство Ресен поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица заради кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

 

Обвинетите не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразна болест предизвикана од коронавирусот COVID-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија донесена од Владата.

Првиот обвинет на 24 март, наспроти донесената Одлука за забраната за движење на населението од 21:00 до 05:00 часот, бил затекнат во 22:10 часот како со патничко моторно возило Форд се движел кон излезот на Ресен спрема с. Царев Двор.

Вториот обвинет, инаку жител на Битола, на 25 март во 21:20 часот бил затекнат како го напуштал Ресен со патничко моторно возило Алфа Ромео, при што бил сопрен од полициските службеници кај контролниот пункт м.в. „Гранит“ Ресен на излезот према Битола.

Третиот обвинет, пак, на 25 март околу 23:00 часот се движел по ул.„29-ти Ноември“ во Ресен поточно пред ОВР Ресен каде бил затекнат од полициски службеници на ОВР Ресен.

Јавните обвинители кои постапуваат во предметите на Основниот суд Ресен му предложија на секој од тројцата обвинети да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани