Октомври 16, 2018

Интервју Милан Мишковиќ, претседател на Хепар Центарот „Со терапијата за 2018 да бидат опфатени сите пацинети со хепатит“

Декември 27, 2017

Повеќе од десет години нема нови лекови за хепатит Ц на позитивна листа во земјава, има терапија која е стара и отфрлена од употреба во повеќето земји во Европа, велат од „Хепар центарот“ од Битола. Листата не е ревидирана, но државата обезбедува на годишно ниво одреденна сума на средства за набавка на терапија за одреден број на пацинети. Милан Мишковиќ претседател на „Хепар центарот“ вели дека секоја година преговараат за да се обезбедат што повеќе средства и да не биде забиколен ни еден пацинет.

 

  • Што треба да се стори за Македонија конечно да почне да го решава проблемот со хепатитот Ц и Б ?

Mакедонија конечно за да започне да го решава проблемот со хепатитот Ц и Б прво треба да ја обезбеди новата иновативна терапија којашто значи почеток на елиминацијата на хепатитот Ц. За хепатитот Б да се редуцира и да се постигне елиминација, потребно е превентива односно имунизација-вакцинација на целото население, а на веќе заболените им се потребни нови лекови што не му дозволуваат на вирусот да напредни и  да направи штета. Со тоа се пружа квалитетен и безбеден живот на пациентите со ова заболување бидејќи во моментов не постои лек за хроничен хепатит Б.

  • Што ќе понудат новите лекови?

Прв и најбитен чекор е набавката на иновативната терапија без која немаме елиминација и комплетно оздравување на пациентите од овие заболувања. Ние како „Хепар Центар“ од Битола, бараме вклучување на што можно поголем број на откриени пациенти со новите третмани коишто живот значат, третмани кои имаат тројно дејство. Прво делотворноста на лековите се состои во комплетна елиминација само за три недели без никакви нус појави по здравјето на пациентите за разлика од страта терапија која што предизвикуваше голем број на нуспојави. Втора е превентивата и заштитата од развивање на оштетувања на црниот дроб кои доведуваат до фиброза,цироза, карциноми на црниот дроб и малигното заболување хепатоцелуларен карцином.  Третото дејство е спречувањето на трансмисија на овие заболувања.

  • Дали е доволно да се издвојуваат пари за лекување само на годишно ниво?

 Покрај горенаведените лекови за да почне да се решава проблемот со овие опасни и тивки вируси потребно е изработка на посебна програма наменета само за хепатити, акционен план на делување и превентива, едукација и изработка на регистер и на крајот национална стратегија за елиминација на хепатитот до 2030. Инаку најчесто на година дена се даваат условни буџети кои зависат од тоа колкава потреба ќе пријават клиниките. Позитивната листа би била успех за сите.  

  • Дали се водат преговори со Министерството за здравство колку средства да се издвојат за 2018 година?

Во моментов се водат интезивни преговори со здравствените власти. На заедничка маса се повеќето институции ФЗО, Клиниката за инфективни заболувања, Клиниката за гастроентерохепатолошки заболувања. Новоименуваниот министер за здравство е информиран и запознат со целата ситуација и вети дека ќе го поддржи решавањето на прашањето со хепатитот. Претходниот министер пак, го најави историскиот чекор каде што Македонија ќе се приклучи кон процесот на изработка на национална стратегија за елиминација на хепатитот до 2030 година24020176 10156058308292188 1372705621 n

  • Како течеше набавката на лекови во изминатава година?

Во 2017 година се успеа да се реализира мала набавка на Инфективната клиника за најкритичните пациентите со хепатит Ц. Би апелирал да не се доведиме до ситуација да праќаме пацинти на транплантација која чини многу повеќе  и каде што можеме да изгубиме човечки животи. За жал, може да се констатира дека од двете трансплантаци кои настанаа од последици на  ХЦВ пред само 6 месеци, едни пациент изгубивме. Моменталните преговори доведоа до вербално ветување дека за 2018 година ќе имаме терапија само што тоа треба да го официјализираме до средината на јануари. Напоредно со терапијата за 2018 се работи на програма или акционен план за наредниот период од 3 до 5 години а со тоа и националната стратегија за елиминација и универзална покриеност на сите пациенти 2030.

  • Дали Македонија е обврзана со потписи, декларации или слично да придонесе во борбата против хепатитот? 

Македонија е потписничка на Глобалната стартегија за хепатиот на Светската здарвствена ораганизација усвоена 2016 година. На Собранието на Светската здрвствена организација  учествуваат 194 земји од кој 140 министри за здравство кои ја поставија главната цел- отстранувањето на хепатитис Б и Ц до 2030 година. Хепар Центар Битола е дел од тимовите на ELPA и WHA кој придонесоа во лобирањето зa носењето на оваа историска стратегија на светско и европско ниво која вклучува со превенцијата и лекувањето да се постигне, намалување на смртните случаи за 65% и зголемување на третманите за 80%, спасување на повеќе од 7,1 милиони животи на глобално ниво до 2030 година. Инаку, 1,4 милиони луѓе умират на годишно ниво од хепатит Б и Ц,повеќе од ХИВ / СИДА, маларија и ТБЦ. Овие глобални тивки убијци влијаат на повеќе од 10 милиони нови случаи секоја година со огромен процент на морталитет.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани