Став на Тодор Ивановски од Македонски концепт за Офицерски

Мај 23, 2020

Тодор Ивановски, кандидат за листата на пратеници  на Македонски концепт во петтата изборна единица го поддржува создавањето на општинска установа за култура, но апелира во неа да не се згрижуваат партиски војници.

 

,,Како битолчанец, професионалец, културен активист кој директно беше и инволвиран во одбраната на ,,Офицерски", а сега и како кандидат на Македонски концепт, чуствувам должност да го искажам јавно својот став. Недвосмислено ја поддржувам идејата за културна децентрализација и формирање општинска институција од културата која би се грижела за успешно функционирање и оддржливост на овие објекти. Како предлог концепт истото го објавив 2016 и доставив до Општина Битола. Мојата професионална кариера започна во таква една локална културна организација далечната 1993/94 која се грижеше за локаните културни потреби и која организација како ИФФК Браќа Манаки, Хераклејски вечери,Интерфест на забавна музика, Фолклорни смотри, Драмски аматерски игри итн.Да, зборувам за КПЗ Битола, мојата прва матична организација која политиката ја укина", напиша Ивановски на својот фејсбук профил осврнувајќи се на актуелната тема за Офицерски дом.

,,Длабоко сум убеден дека мора да постои институционална рамка, пред се заради функционалноста и оддржливоста како и поради неспоивоста на функцијата државен орган на Општина Битола, со евентуалното менаџирање на објектите и програмите. Она што ме вознемирува е како се дојде до ова решение.Позната ми е анкета, но сметам дека истата не е доволна алатка за стекнување целосна слика. Како и да е, ја поздравувам идејата со порака да не дозволите истата да биде употребена за згрижување на партиски војници, заслужни ликови искуство со кое веќе сум се сретнал на сите институционални нивоа и може да ја претвори оваа племенита иницијатива во ново разочарување. Сакам да верувам дека тоа нема да се случи",  напиша  Тодор Ивановски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани