Јануари 19, 2018

Пред пет години се реконструирале котлите во РЕК Битола, но не биле запазени еколошките стандарди

Декември 28, 2017 149

Најголем загадувач во Македонија се домаќинствата кои се затоплуваат со горива кои загадуваат, втор загадувач е транспортотот, а трет најголем загадувач е индустријата, рече вицепрепремиерот Кочо Анѓушев, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието на РМ, дали точно се знае кои се изворите на загадување. Анѓушев посочи дека за да се намали загадувањето,  потребно е да се дејствува на изворите, а не на последиците.

- Мора да сфатиме дека мора да го измениме начинот на затоплување, а единствен начин тоа да се реши е да се заменат горивата  кои  загадуваат  со ПМ честички. Затоа гасификацијата ќе биде многу важна, но гасификација треба да тргне од таму каде што нема топловод. Што се однесува на загадувањето од автомобилите, најштетен момент беше одлуката за увоз на автомобили со мали еколошки стандарди, кои се евтини во Западна Европа и се исфрлаат затоа што загадуваат. Разбирам дека граѓаните немаат платежна моќ да купуваат скапи автомобили, но подобро е да бараме начин како да ги субвенцинираме еколошките автомобили. Во однос на индустријата, потребна е нулта  толеранција за оние кои не ги  запазуваат еколошките стандарди, значи треба да го решиме и проблемот секаде каде не е решен. Посебно  не мачи еден сериозен проблем  со РЕК Битола, каде имаме еден договор од 2012 година кога котлите биле реконструирани,  а не се мислело на екологијата, но има и уште поголем проблем што перформансите што треба да ги постигнат котли од енергетски аспект не се постигнати, а се потрошени 65 милиони евра. Тоа ќе биде еден од најголемите предизвици да се разреши, ќе следи и судски спор, а институциите да си ја завршат својата работа во делот на истрагата и одговорноста, рече Анѓушев.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани