Петровска-Во противникот гледајте политички, а не човечки противник

Мај 26, 2020

 

„Во противникот гледајте политички противник, а не човечки“, со овие зборови градоначалничката Наташа Петровска  им се обрати вечерва преку Фејсбук порака  на кандидатите за пратеници на следните парламентарни избори, но и на медиумите,  најверојатно поттикната од неодамнешните пишувања во некои портали каде имаше сериозни навреди, спинувања  и инволвирање на семејството на еден од кандидатите. Изборите се извесни, вели Петровска , но морам да замолам на фер и коректно однесување помеѓу кандидатите.

- Однесување кое доликува на едно цивилизирано општество кое само по себе не се создава, туку за кое се одговорни сите негови чинители. Кога мислам на чинители сликата е далеку поширока и не останува само на кандидатите. Во тој мозаик влегуваат и сите медиуми меѓу кои и портали, профили по социјалните мрежи кои секогаш имаат траг. Оти на крајот од денот, чуму му е некому победата а некому парите, ако општествените вредности станале гнили, пишува Петровска .

И таа повикува час поскоро да се отвори и да се регулира прашањето на интернет новинарството.

-Интернет спинувањата, лажните идентитети, сценираните портали со лажни вести се реалност која носи деформитети за кои сите носиме колективна одговорност...длабоко сум убедена дека има начин, има јазик за тоа како човек може да ги прикаже своите определби, своите политики, да осуди други, но секогаш да се сочува достоинството, и своето, и туѓото и општественото, пишува Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани