Јануари 19, 2018

Љубе Кузманоски, градоначалник на Општина Новаци за проектот за топлификација на пелагониските општини рече:

Јануари 09, 2018 130

„Зошто не може да се топлифицира Битола или подалеку? Затоа што од Битола до РЕК има 12 километри. И мое мислење е дека за да се загрева Битола треба од РЕК еден блок да не проиведува струја, туку да произведува само топлинска енергија. Во овие моменти кога државата кубури со производство на електрична енергија, кога се очекува 70 проценти производство на струјата да даде РЕК за потребите на Македонија, мислам дека нема никој да си дозволи еден блок да се исклучи од мрежа заради топлификација на Битола.

Реални се изгледите да се топлифицира општина Новаци поради близината на два километри од РЕК. Сметам дека со нормално производство на електрична енергија на трите блокови, Новаци поради близината може да се загрева со топлинската енергија. По празниците почнуваме преговори прво со ЕЛЕМ, а потоа да обезбедиме техничка документација колку ќе биде финансиската конструкција“. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани