2win800x200

Томче Петрески, тренер на РК „Пелистер“: Ја молам јавноста за трпение, ќе го подигнеме клубот на повисоко ниво

Април 20, 2018

Новиот тренер на РК „Пелистер“, Томче Петрески, на денешната прес конференција,  рече дека атмосферата во клубот се подобрува, играчите се прилагодуваат на неговиот систем на работа, а тој очекува добри резултати.

-Среќен сум што сум одговорен на стручниот штаб на РК „Пелистер“, но во секој случај, на првиот состанок со играчите им објаснав дека проблем е што во текот на сезеното доаѓа до промена на тренерската позиција и тоа никој не го посакува. На играчите им објаснив дека и со Алушовски и со Марковски имам добри релации, тие имале доверба во посточекиот играчки кадар, јас исто така имам доверба во нив и само така можеме да напредуваме. Ќе треба многу брзо да се прилагодат на мојот систем на работа, а јас сум поборник за едноставен, брз и модерен ракомет. Задоволен сум од играчите, ги извршуваат максимално своите задачи и има голем напредок. Атмосферата веќе е на подобро ниво иако претходно имало проблеми и лоши резултати, но тоа е дел од спортот. Мора да сфатиме дека во спортот има успони и падови, но мора да се стабилизира состојбата. Со подобрување на целокупната атмосфера ќе дојдат и резултатите. Ја замолувам и ракометната јавност на Битола и пошироко, за трпение, полека сакаме да го дигнеме клубот на повисоко ниво, рече новиот тренер, Томче Петрески.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани