Street gif

Луѓето сè повеќе се гладни за сигурни, навремени и корисни информации. Притисоците за повеќе канали и поголем избор се огромни. Како резултат на тоа, придужено со брзиот технолошки развој, се повеќе во етер се принесуваат т.н. лажни информации. Интернет блоговите, порталите за вести и онлајн вестите, Фејсбук, youtube, па дури и кратките текстуални пораки (SMS), сите се особено идеални за ширење дезинформации.

 

Дезинформациите процветаа. Многу фотографии, иако вистинити, се користеа за да им се даде друго значење: полициското насилство во Франција за време на протестите на „жолтите елеци“ беше критикувано преку фотографија на демонстрантка со крваво лице … снимена пред неколку години во Шпанија.

Жолтиот печат, лажните вести, непотврдените вести, позајмените вести и сензациите се елементите со кои најмногу играат новите интернет портали. И успеваат во тоа. По сè изгледа на одреден дел од публиката ѝ годи да консумираат вакви информации и не ги привлекуваат толку многу вистинските вести кои може да се корисни, но не толку забавни.

Се наоѓаме во период кога е важно да зборуваме за "лажните вести". Што се всушност „дезинформациите“?

Еден од главни аргументи е дека лажната вест не е хомогена група на содржини. Информациите што се само неточни не спаѓаат по дифолт под оваа дефиниција. Од комуникациска гледна точка треба да се разликува лажна вест од лажна информација, или дезинформација. Во последно време многу се зборува за дезинформациони кампањи, или fake news (лажни вести), како метод со кој авторитарни центри ги загрозуваат демократските вредности на современиот свет. На лажни вест прв почнува да се жали Доналд Трамп, но и неговите противници ја преземаат приказната. Стандарден виновник е Русија, која, се чини дека за една рака долари му овозможила на Трамп победа на изборите. Русија не е единствен извор на дезинформации. Но, постои конкретна нишка на несигурни информации кои ги искористуваат тензиите кои се поволни за Руската Федерација: помеѓу ЕУ и САД, САД и НАТО, а особено меѓу западните земји и нивните влади и главните медиуми.

Стручњаците за заштита од дезинформации на firstdraftnews.com утврдиле 3 клучни чекори за одговорно користење на социјалните мрежи (каде се преклопуваат фактите и дезинформациите), извор на информации: мониторинг, проверка и верификација.

Демократијата во светот е секако загрозена, но опасноста од лажна вест е многу мала. Главните ризици се од друга страна, во сферата на политиката. Но, што би се правело со изјавите на политичарите? Тие стандардно лажат или доста ја искривуваат вистината, како што е општо познато, па акцијата насочена кон ликвидација на дезинформациите, би морала и нив да ги опфати. На пример, претседателот на Европската комисија Јункер, неодамна буквално изјави дека унгарскиот премиер Орбан е производител на лажни вести. Чиста навреда. Како да, тој, Јункер, никогаш не излажал. И дали некој ќе го цензурира Орбан?

Проблемот за ефикасна борба против лажна вест е правото на слобода на говорот, т.е. правото на сите да кажат што сакаат за политичките и сродните прашања, се разбира, освен ако тоа не е повик за востание или друго кривично дело. Затоа, ЕУ престанува со акција, знаејќи дека ќе има сериозни критики од политичката јавност да се прибегне кон каква било цензура.

Секојдневното "бомбардирање" со сите видови и нивоа на дезинформации води до ситуација повеќе да не се верува ни во точните информации, а од старт присутна е не само резерва, туку и потполно неверување.

Борбата за точни информации, а против сите облици на дезинформации претставува воедно и борба за клучните демократски достигнувања, а разоткривањето на дезинформациите е од витално значење за опстанокот на секој систем, па и нашата земја.

Ова е клучно време. Ако сакаме навистина да ја разбереме ситуацијата во која се наоѓаме, треба да ја разбереме сериозноста и треба да разбереме против што се бориме. Фрлањето на терминот лажни вести наоколу, дури и со цитати во воздух, не нé носи никаде. Не баш сè што е онлајн е политичка пропаганда или онлајн дезинформирање, лажна вест. Нивното разграничување е многу важно бидејќи е неопходно во справувањето со нив и наоѓањето решенија против нив.

Пишува: Мартин Николовски - Студент на отсек новинартво при Факултетот за комуникации на Хаџи Бајрам Вели Универзитетот во Анкара, Република Турција

Во четиридневна посета на градот Ајдин, Република Турција, престојува делегација од Општина Новаци предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски и претседателот на Советот на општина Новаци, Наумче Смилевски.

За време на посетата на Република Турција, градоначалникот Кузманоски потпиша Декларација за збратимување на општина Новаци со општината Караџасу.

Градоначалниците на општините Новаци и Могила, Љубе Кузманоски и Јасмина Гулевска се во работна посета во градот Ајдин во Република Турција. Официјалната посета се реализира на покана на градоначалничката на градот Ајдин, Озлем Черчиоглу и претседателот на Здружението на иселениците од Македонија во Турција, Тургут Ѓулмуш. 

Во рамките на посетата, градоначалниците Кузманоски и Гулевска остварија средби со градоначалници од општини кои се во состав на градот Ајдин, на кои што средби беше договорена заедничка меѓуопштинска соработка во повеќе сфери како и збратимување на македонските со турските општини. 

Во последните пет години ТИКА реализираше 580 проекти во Македонија, вели Сабри Демири, советник на претседателот на Република Турција во интервјуто за МИА што го направи битолчанецот Мартин Николовски, македонски студент по новинарство во Анкара.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани