Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Трајан Димковски при неговата посета на општина Новаци, заедно со градоначалникот Љубе Кузманоски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски направи увид на проектите што се реализирани со средства од Агенцијата за финансиска поддршка преку програмата за рурален развој.

Општина Новаци преку Програмата за рурален развој реализира два инфраструктурни проекти -Изградба на локален пат до с.Тепавци во должина од 3км и изградба на локален пат од крстосница од с.Старавина-с.Будимерци до манастир Св.Атанас ,с.Старавина во должина од 811 м со вкупна вредност на двете инвестиции од 23.6 милиони денари и проектот за изработка на урбанистички планови за 6 населени места во вредност од 11 милиони денари кој е во тек на реализација.

Општина Новаци спроведе акција за чистење на времените депонии во Новаци и Добромири. Ваквите депонии се создадени со цел месното население да го одлага комуналниот смет и градежен шут на едно собирно место со цел да не се создаваат помали диви депонии на несодветни места .Насобраниот комунален смет од овие депонии потоа се транспортира до депонијата Мегленци .
Акцијата за чистење беше поздравена од локалното население, изразувајќи го своето огромно задоволство од големиот ангажман на градоначалникот Љубе Кузманоски .

-Од локалната самоуправа упатија апел до граѓаните на Општина Новаци за совесно однесување кон веќе исчистените депонии и подигнување на јавната свест за несовесното постапување со отпадот, бидејќи заштитата на животната средина во голема мера зависи од правилниот однос и постапување со отпадот, велат од општината.

"Упатувам апел до граѓаните совесно да се однесуваат кон еднаш исчистените локации со диви депонии.Штетноста од несовесното постапување со отпадот треба да биде основа за подигнување на јавната свест кај граѓаните и силна порака за да разберат дека заштитата на животната околина во голема мера зависи од нашиот однос кон отпадот."-истакна градоначалникот Љубе Кузманоски.  

novaci 1

novaci

Градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски заедно со Дедо Мраз ги израдуваа најмладите од општината подарувајќи им новогодишни подароци и пакетчиња. Новогодишната приредба денеска беше организирана во Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци.

Во Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола ,градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузмановски и Генералниот конзул на Р.Бугарија во Битола, Димитар Иванов потпишаа договор за доделување на неповратна финансиска помош на Општина Новаци на основа на политиката на Р.Бугарија за учество во меѓународната соработка за развој.

Финансиската помош се доделува за реализација на проектот „Реконструкција на покрив и спортска сала за подрачното училиште во село Бач“.

"Соработката со Р.Бугарија преку Генералниот конзулат на Р.Бугарија во Битола дава позитивни придобивки.Оваа финансиска помош позитивно ќе се рефлектира во подобрување на училишната средина и условите во неа .Со реконструкцијата на подрачното училиште во селото Бач ќе ги подобриме условите за настава ,со што би обезбедиле поквалитетен ,поефикасен образовен процес.Училишната средина е одраз на животот во заедницата.Со градење посигурно,подобро и поефикасно училиште со ефективен образовен процес се подобрува целокупниот живот во заедницата"-истакнува градоначалникот Љубе Кузманоски.
Општина Новаци посветено работи на обезбедување на подобри и поефикасни услови во основните училишта на подрачјето на општината.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани