2win800x200

Идејното решение за овогодишниот плакат е симболична претстава на оваа традиционална манифестација изразена преку орнаментиката и колоритот на македонскиот народен вез од Битолското Поле. Доминира црвената боја која во традицијата на народниот вез означува живот, здравје и со преносно значење во овој случај на богат и исполнет фестивал., информираат од Оптшина Битола

Оваа година Битолско културно лето започнува на 23 јуни во 21.00 часот во античкиот локалитет Хераклеја со спектакуларен настан наречен „Вива Верди“.

Како дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, вљубениците во театарот, денес, со почеток во 20.00, на сцената на Народниот театар во Битола, ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „Народен непријател“, во изведба на Македонскиот народен театар. Влезот за претставата е слободен.

Општина Битола го објави конкурсот  за учество во програмата на Битфест 2019 година. Предвидени се вкупно 4 милиони денари, а право на учество имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, Здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата (со седиште во Општина Битола).

Страница 1 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани