2win800x200

По повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) од 2006 година востанови Национални волонтерски награди. Целта е оддавање на јавно признание на волонтери кои се вклучуваат за доброто на својата заедница, помагаат на други и ја промовираат солидарноста, хуманоста и сите позитивни вредности на волонтерските активности.

Оваа година МКЦ додели 

ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2023 ГОДИНА на

Ман анд Моунтаин (Man and Mountain LLC)  за организација и реализација на десетгодишната иницијатива за заштита на животната средина ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА во рамките на која се реализираат масовните волонтерски акции Генералка Викенд и Сончева Гора. 

Во волонтерската акција Генералка Викенд во 2023 година беа вклучени 51 општина и Националниот парк Шар Планина. Исчистени беа вкупно 304 локации. Беа вклучени повеќе од 300 училишта и градинки. Вкупно 15.811 учесници - волонтери придонесоа во волонтерската акција и беа собрани вкупно 252.681 килограми отпад. 

Дополнително во акцијата за пошумување Сончева Гора во ноември 2023 година беа засадени 50.000 садници во близина на езерото Младост крај Велес со учество на преку 100 волонтери. 

Ман анд маунтаин е главен организатор на овие волонтерски акции со мобилизација на огромен број на волонтери во партнерство со бизнис секторот, државните институции, општините и граѓанскиот сектор.

 

ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2023 ГОДИНА на Проф. д-р Моника Марковска

 

Во 2023 година, Проф. д-р Моника Марковска има активен волонтерски ангажман како Потпретседател на Советот за женско претприемништво во општина Битола и како Претседател на Ротари клубот Битола Широк сокак. Евидентни се нејзините заложби за организирање на волонтерски настани и хуманитарни акции. Исто така, има ангажмани во различни проекти, организирање и реализација на работилници со млади и лица од ранливи категории од областа на претприемништвото. Таа постојано се залага и за промоција на социјалното претприемништво. Нејзиниот волонтерски ангажман е видлив преку организација на настани на кои се промовираат нови технологии, како што е примерот со виртуелната реалност и дигиталната писменост.

 

20231205 121744

20231205 121319

20231205 122027

20231205 122019

20231205 121507

Младински културен центар - Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот организираше концерт во живо на ЗУЛУ 3.4 во неделата на 30 април 2023 година во Порта Џез во Битола. Извонреден настап во живо на овие млади професионални музичари пред битолската публика, со изведба на авторска современа џез музика. ЗУЛУ 3.4 е добитник на наградата за најдобар млад македонски џез бенд, што традиционално се доделува секоја година од страна на Скопскиот Џез Фестивал.

МКЦ-Битола започна со одбележување на Меѓународниот ден на џезот во 2013 година со концертот на Иван Иванов квартет во Битола.

Концертот на ЗУЛУ 3.4 по деветти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Џезот има многу важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи го човековото достоинство. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

Настанот беше организиран во партнерство со Порта Џез и со финансиска поддршка на Општина Битола.

МКЦ2

МКЦ3

Младинскиот културен центар - Битола како граѓанска организација која активно работи на промовирање на волонтерството на локално и национално ниво, во соработка со Општина Битола и Локалниот волонтерски совет на Општина Битола, започна иницијатива за партиципативно креирање на нова стратегија за волонтерство за Општина Битола за периодот 2023 – 2026 година.

Со цел да се обезбеди поголема јавност и можност сите граѓани на Општина Битола да се запознаат со процесот, да дадат свое мислење и предлози се организираат два консултативни форуми за изработка на стратешкиот документ. Првиот се реализира 22 март 2023 година во Битола, наменет за претставници на организатори на волонтерска работа (граѓански организации, државни органи и јавни институции) и граѓани.

Следниот ден следува вториот консултативен форум кој е наменет за млади кои се воедно и најбројна целна група која се вклучува во волонтерски активности. На овај начин ќе имаат можност да се вклучат и во креирањето на локалните волонтерски политики.

„На партиципативен, инклузивен начин овие месеци работиме на подготовката на документот. Направени се структурени интервенции во документот. Консултативниот форум се одржа со цел досега сработеното од стратегијата да добие јавност. Битола предничи во однос на другите општини за промоција на волонтерството. Пред неколку години формиран е Локалниот совет за волонтерство како меѓусекторско општинско тело кое и денес е активно и функционира. Преку подготовката на оваа стратегија сакаме да ја заокружиме волонтерската инфраструктура на ниво на општина Битола која понатаму може да биде репер за другите општини да го преземат истото искуство и да формираат и Локални совети за волонтерство и да ги подготват локалните стратегии“, рече Мери Нашоку од МКЦ-Битола, координатор на проектот.

 336598367 753907606336537 2767553161802228307 n

Катица Михајловиќ вклучена во изработката на стратегијата за Битола рече дека самиот процес првично опфати анализа на состојбата со волонтерство во општината, формирање на работна група за подготовка на стратегијата, спроведување на три работилници, презентација пред јавноста за да се дадат дополнителни импути во документот пред да биде предложен за усвојување од страна на општинскиот Совет.

„Стратегијата се базира на четири цели, а тоа се промоција на волонтерството, поддршка на волонтерските активности, негова промоција во образовниот систем и поддршка на локалната инфраструктура за волонтерство“, рече Михајловиќ.  

336307265 735159071621359 1028868313819269062 n

Страница 1 од 6

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани