Координаторот на советничката група на СДСМ Методија Илиевски, на денешната седница на Совет, од говорница го праша Тони Коњановски дали планира да ја напушти градоначалничката фотелја и да стане носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, а со тоа и иден пратеник.

„На 20 декември бевте прашан дали ќе бидете носител на листата во петтат изборна единица, а одговорот Ви беше ‘рано е за било какви коментари на таа тема’. Дали вашето колебање и двоумење денес да се појавите на седницата на Совет каде е ваша морална, законска и етичка обврска да го образложите буџетот, е доволен показаател дека сакате да избегате од моменталната фотелја и дека не сте задоволни од вашата работа во изминатите години, дека ставате потврда дека Вие ги потрошивте финансиските средства во изминатите 2 години, а немате видливи резултати? Да ми одговоирите дали ќе ја напуштите градоначалничката фотелја и ќе потврдите дека ги изневерувате битолачни и ќе станите носител на избортна единица број 5“, праша Илиевски.

Коњановски му одговори дека: „„Од самиот избор насочен сум како градоначалник кон работата и одоворноста која ја зедов пред граѓаните да направиме нешто за градот. Сосема е рано и далеку, макар да сме длабоко навлезени во фолклорот на предизбориетои, во таа насока ги тумачам и сите наводи за носители на листи и пратеници. Она што го ветив и го чувствувам како обврска дека доследно, одговорно, принципиелно и отчетно ќе се залагам за подобрување на условците во градот“.

Ж.З.

На што точно потроши лани 30 милиони евра градоначалникот Тони Коњановски? Ова е прашањето на кое битолчани сакаат одговор. Ама, наместо одговор, слушаат жалопојки од градоначалникот и од претседателката на Советот дека сите други се виновни за нивната неспособност, само тие не, изјави Методија Иливеска од СДСМ.

„Коњановски поддржува и штити директори на јавни претпријатија кои или не работат или работат противзаконски! Коњановски цела учебна година не обезбеди превоз за учениците!

Коњановски со месеци се инаети за санација на цевка во градинка! Најголемите достигнувања на Коњановски за 16 месеци се синџирчето кај Пионерски и поправката на дрвеното мовче кај Јени Маале, а новиот парк, стационарот и Копанки сеуште ги нема. Единствено ги срушија гаражите и трафики низ Битола.

Со 30 милиони евра потрошени за една година, Коњановски е рекордер меѓу градоначалниците во историјата на Битола, полош дури и од Владимир Талески. Очигледно, се работи за иста матрица! Потсетуваме по којзнае кој пат дека локалната власт предводена од Коњановски и ДПМНЕ е одговорна за Битола. Како меур од сапуница им се распрнаа лагите дека Владата предводена од СДСМ не ја поддржува Битола. Само лани Владата префрлила скоро 20 милиони евра на сметката на Битола. Не може СДСМ и Владата да бидат виновни за неспособноста на Коњановски и за арамилакот на ДПМНЕ. Сите други, пак, што мислат дека со нападите врз СДСМ и врз поединци од локалната власт на ДПМНЕ, ќе се спасат од одговорност пред граѓаните, се излажат. За катастрофата што ја снајде Битола, одговорна е коалицијата ДПМНЕ – Поинаку“, рече Илиевски.

Страница 1 од 5

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани