Јас, Наташа Илиева, директор на ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“- Битола и се обраќам на јавноста со намера да ја запознаам со фактите поврзани со вчерашниот немил настан во училиштето. Сметам дека настанот не треба да се злоупотребува од поединци и групи за добивање на партиски или политички поени и дека тоа не е во интерес на учениците и нивното подобро образование.

Вистина е дека една ученичка била во тоалетот кога паднал дел од плафонот. Веднаш по настанот разговаравме со ученичката и, освен вознемиреност од настанот, таа немаше видливи повреди. Затоа, по нејзина волја, ученичката остана до крајот на часовите.

Вистина е дека училиштето се реновираше со средства од Министерството за образование и наука, но тоалетите не беа опфатени со оваа реконструкција.Истите се реновирани пред 4 години со средства од донации. Во овој период, не се појавил некој видлив и значителен проблем во функционирањето на истите и поради тоа не се побарани средства за нивна повторна реконструкција ниту од општината, нуту од МОН.

Треба да се знае дека во училиштето нема стручно лице кое може да предвиди дали и кога би се случил ваков или сличен немил настан. Затоа денес побарав од општината да испрати стручно лице кое ќе ја утврди безбедноста за користење на останатите тоалети во училиштето со цел да се превенираат вакви настани.

Како директор на училиштето разговарав со ученичката и нејзините родители во врска со настанот и останувам во комуникација со нив за се што е потребно.

Воедно, како директор, ги уверувам учениците, родителите и целокупната јавност дека ќе продолжам да се грижам за успешна реализација на воспитно-образовниот процес. Останувам посветена на обезбедување квалитетни и безбедни услови за учење на учениците и работа на наставниците во нашето училиште.

Со почит, Наташа Илиева, директор на училиштето

Наташа Илиева, професор по англиски јазик е поставена за нов директор на Медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола. Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Билјана Кокалевска, која на чело на училиштето беше во изминатите две години.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани