Задоволен од условите во кои учениците и наставниците од ОУ „Гоце Делчев“-Битола учат и работат е министерот за образование Арбер Адеми, при  посета на  училиштето откако денеска  пристигна донацијата од Владата. Новиот училишен  инвентар се состои од 80 клупи, 160 столчиња, 8 четирикрилни шкафови, 8 табли и 8 катедри. Просветните работници  единствено побараа од  МОН да ја помогне финансиски санацијата  на кровот во дел од зградите.

насловвв

-Чест ми е што го посетивме најстарото училиште во градот ОУ„Гоце Делчев“-Битола , од блиску имавме можност да се запознаеме  со условите и со инвестицијата и од страна на МОН и и од други донатори и се надевам дека сите наши политики предвидени и во Законот за основно образование и во Законот за наставници и стручни соработници ќе може да се рефлектираат и имплементираат на најдобар начин. Секако дека има простор за подобрување на условите конкретно за покривот на училиштето , како МОН ќе направиме се што е во наша моќ за да се подобрат условите и во овој дел, рече министерот за образование Адеми.

По исплаќањето на долговите на училиштата што оваа власт ги наследи  следува и подобрување на условите во училиштата и наставата , рече заменик министерската за образование Елизабета Наумовска.

-Битола останува град за кој сум емоционално поврзана , посебно за училиштето „Гоце Делчев“ каде ги стекнав првите знаења. Се надевам дека министерот виде и повторно ќе доаѓа во Битола. Сите училишта ги затекнавме како блокирани и со помош на Владата и Општина Битола ги одблокиравме и сега одиме напред кон развој , реконструкција, опремување и овозможување подобри услови за работа на нашите ученици, рече Наумовска.  

наснас

ОУ„Гоце Делчев“-Битола  е едно од најстарите училишта во градот, изградено во 1846 год.  во кое учат ученици од различен етнички состав (Македонци, Албанци, Власи, Роми, Срби), а наставата се реализира на два наставни јазици (македонски и албански наставен јазик).

Ова училиште е модел за интеркултурно образование и пример како треба да функционира едно училиште во современо демократско општество. Доказ за тоа се многуте проекти во кое училиштето е вклучено: Меѓуетничка интеграција во образованието, Меѓуетничка интеграција  на младите во образованието, Јакнење на меѓуетничката интеграција меѓу општините, Нансен модел на интеркултурно образование и др...

-Денес како дел од капиталните инвестиции на Министерството за образование и наука и Влада на Република Северна Македонија добивме клупи столчиња, катедри, шкафови и табли во вредност од 1.892.209,00 денари, рече Стојковска.

Б 9

Б 8

Б 5

Прво место освои хорот на ОУ „Гоце Делчев“ од Битола на Државниот натпревар за харови што денеска се одржа во Скопје. Младите хористи од Битола настапија во конкуренција на 19 хорови од цела Македонија. Натпреварот се одржа во ООУ „Љубен Лапе“ во населба Аеродром.

received 401383747258303

-Откако  ги освоивме максималните бодови на Регионалниот напревар за хорови во Битола, денеска освоивме првото место и на Државниот натпревар во Скопје. Настапивме како единствени натпреварувачи од регионот, од Битола, Демир Хисар, Ресен, Новаци. Отпеавме две композиции и задоволни сме и радосни за постигнатите резултати, ни изјави Марија Арсиќ, ментор на хорот на ОУ „Гоце Делчев“-Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани