Полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола,денеска (23.09) по добиени оперативни сознанија во врска со кривичното дело"Предизвикување општа опасност" односно, намерно предизвикување на пожари на отворен простор во с. Лознани и с.Путурус, битолско, во полициска станица Битола ги повика на разговор М.С.(43) од с. Вашарејца, битолско,В.П.(58) од с. Лознани, битолско А.Л.(72) од Битола, И.К .(35) од с. Вашарејца, Д.С.(61) од с. Лознани. Против лицето Д. С. ќе следува и Кривична пријава по чл. 288 од кривичен Закон,односно "предизвикување општа опасност".

Додека пожарникари од ТППЕ Битола интервенираа во село Горно Српци на запалена трева, непознати лица се обидоа да ја запалат ботовата шума пред нивни очи. 

Во гаснењето на пожарот во Стрелиште учествуваа и жителите од оваа битолска населба. Тие се вклучија самоиницијативно и со помош на хидрантите од станбените згради пуштија противпожарни црева и го изгаснаа пожарот кој стигна до самите згради во населбата. Денес беше навистина ризично во Стрелиште. Десетина  пожари за само 3 часа гореа на различни локации низ населбата, а од противпожарната единица рекоа дека сите се подметнати. Во гаснењето учествуваше битолската пожарна, а пожарникарите вложија надчовечки напори да го спасат објектот каде има училиште и градинка. 

364535931 1534222453651185 8288654323466888420 n

АПЕЛ до граѓаните од СВР Битола 

 

Во периодот на започнување на првите подготовки за претстојната пролетна сеидба, кога има зголемена раздвиженост на нивите  и интензивно чистење на отпадоците, забележани се појави на палење на стрништа и сува вегетација (трева, жбунови и слично), најчесто без непосредна контрола со што се предизвикуваат несакани последици.

Токму затоа, Секторот за внатрешни работи Битола апелира до земјоделците, но и до сите други граѓани да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и посебно да не палат огнови, кои брзо можат да се прошират, особено ако времето е ветровито. Во спротивно ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни поднесоци зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

 СВР Битола презема координирани превентивни и други мерки, навреме да се пресретнат можните причини за пожари, а во наредниот период ќе бидат засилени и планираните контролни активности на поширокото подрачје.

Страница 1 од 11

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани