Градоначалникот Тони Коњановски и Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, на следната седница на Советот на општина Битола, ќе достават заедничка иницијатива со која, пензионерите од Битола, ќе добијат можност за бесплатно користење на јавниот превоз, два пати неделно, во вторник и петок.

Петнаесетина  жители од битолските села Долно Оризари, Трн, Карамани, Логоварди денеска излегоа на предупредувачки протест, незадоволни од јавниот превоз, поскапените билети и несоодветните автобуси кои ги праќа на овие линии превозникот.

На учениците кои не ги зачувале фискалните сметки за превозот до школо или пак патувале со сопствен превоз исто така ќе им се рефундираат трошоците доколку се најдат во извештајот што училиштата ќе го достават до Секторот за јавни дејности во Општина Битола.

Вчера на седница на Совет, по барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Иванчо Тошевски, беше направено дополнување кон одлуката на Општината за рефундација на средствата.

Според првичната одлука за да има исплата на трошоците, директорот на секое училиште требаше да достави извештај со список на ученици кои користеле превоз, бројот на денови и износ за исплата според донесени оригинални сметки. Секој ученик пак, да достави барање за враќање на трошоците, фотокопија од трансакциона сметка и лична карта на родител или стрател и оригинални фискални сметки.

Тошевски реагираше дека со ваквата одлука нема да бидат опфатени сите ученици што платиле превоз од сопствен џеб зашто дел не ги чуваат фискалните сметки, а некои патувале со сопствен превоз. Тој предложи обештетувањето да не биде само врз основа на фисклани, туку надомест за трошоците да добијат и учениците кои школите во списоците ќе ги пријават дека патувале, а не ги зачувале фискалните сметки. Неговиот предлог беше прифатен од останатите советници, со што во интерес на учениците беше надополнета првичната одлука.

„Родителите на дел од учениците се приморани сами да ги сносат трошоците, додека останатиот дел на ученици не одат на настава со што е нарушен воспитно-образованиот процес, а притоа се врши притисок врз наставниците да не ги запишуваат за отсутни со цел да се прикрие реалната состојба. По една година власт и она кое што дотогаш го имаа учениците, а им е загарантирано со закон, го немаат, немаат бесплатен превоз и се уште немаат учебници по сите предмети. Наместо да ги обезбедат учебниците што недостасуваат, на учениците им се наложува да фотокопираат со што повторно се удира врз џебот на родителите“, обвини Стефановска Јовчева на прес конференцијата посветена на состојбите во образованието.

Советот од дневен ред ги повлече точките за организирање на превозот и измените на тарифникот откако превозниците денес излегоа на протести против измените во цените за првоз на учениците. На почетокот на седницата, на која присуствуваа и превозниците, повлекување на точките предложи претседателот на Советот, Валентин Груевски со образложение дека треба да се остави простор за изнаоѓање на решение кои ќе им одговара и на Општина, и на превозниците, и на учениците. Но, рече дека тоа треба да бидат разумни цени зашто нема да се дозволи превозот до Новаци и назад да чини 400 денари по ученик.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани