2win800x200

Во долното течение на реката Драгор во Битола, кај битолско Јени маале денеска Зоран  Стојчевски фотографираше штрк, кој се уште не одлетал во топлите краишта за да ја презими зимата. Дали е повреден и зошто задоцнил со преселбата не се знае, но, Зоран вели ќе се обиде да му помогне

Два дена пред почетокот на генералниот штрајк што го најави СОНК на своето членство во училиштата и градинките, родителите добиваат насоки како да постапат со своите деца. Наставниците ќе дојдат во училиште, но нема да изведуваат настава, туку ќе бидат во просторија определена за нив.  На родитлите веќе им е соопштено да не ги носат децата на школо, а оние ученици кои ќе дојдат, ќе бидат згрижени од наставниците кии нема да протестираат или лице задолжено за згрижување на ученицте.

-Токму оваа Влада ги сослуша и послуша наставниците во нивните барања за исклучување на екстерното тестирање, токму оваа Влада минатата година во септември им даде 5 проценти згоемување на нивните плати, а исто така оваа учебна година започнува со зголемување на платите уште за 5 проценти за наставниците, нешто што не се случувало години наназад. Правото на штрајк е право кое што е регулирано со закон, но како педагози треба да водиме сметка дека станува збор за прв училишен ден кој е исклучително значаен, особено за првачињата, а тој момент секој педгошки работник треба да го има предвид. Во оваа прилика сакам да нагласам дека без разлика кои се правата за кои се борат просветните работници, секое дете мора да биде згрижено . Постои форма како треба и мора да биде згрижено, рече градоначалнчката Наташа Петровска, праша дали во сите училишта започна првиот училишен час

Поради штрајк на грчките цариници, денеска на 9 ноември, преку граничниот премин Меџитлија, односно Ники на грчка страна, се пропуштаат само пешаци, додека сообраќајот за мотрони возила е во прекин, соопштуваат од МВР.  Штрајкот започна  во 05.00 часот и ќе трае до 05.00 часот на 10.11.2017 година.

На граничниот премин „Богородица“ (граничен премин „Евзони“) штрајкот започнал во 05.00 часот и ќе трае до 23.00 часот на ден 09.11.2017 година. Најавен е целосен прекин на сообраќајот на товарни моторни возила, додека патнички моторни возила и пешаци повремено ќе биле пропуштани.

На граничен премин „Стар Дојран“ (граничен премин „Дојрани“) започнал во 05:00 часот и ќе трае до 23:00 часот на 09.11.2017 година. Во наведениот временски период ќе бидат пропуштани само пешаци, а патничкиот и товарниот сообраќај ќе биде затворен во двата правци. Исто така и товарниот железнички сообраќај помеѓу Република Македонија и Република Грција е во прекин од 09.00 часот утринава.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани