2win800x200

Шо рече

На денешен ден - 3 мај 1942 година Во близина на селото Ореово, Битолско, е разбиен БИТОЛСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ПЕЛИСТЕР“.

За да се овозможи функционалност и работа на Јавното претпријатие „Жабени“ за привлекување нови инвестиции, Општина Битола планира да го субвенционира со милион денари за сервисирање на затекнатите долгови за електрична енергија, тековни и судски трошоци, рече градоначалникот Тони Коњановски во своето обраќање пред Советот на Општина Битола каде на дневен ред беше ребалансот на буџетот.

„Јавното претпријатие „Жабени“, од страна на претходното раководство е оставено во големи долгови кои десеткратно ја надминуваат затекнатата сума на сметката на претпријатието, а дополнителни оптоварувања за претпријатието се и судски решенија и тужби“, рече Коњановски.

На 28 април, во четврток, Битола на точак ја организира 62 критична маса и ги повикува сите граѓани кои се засегнати, се сложуваат и се залагаат за вело инфраструктура да се вклучат на протест со заедничко возење од 18 до 19 часот. Овој пат  мотото е „8 години Битола на точак 0 километри вело инфраструктура“

Деновиве моето име и името на мојот дедо Пецо Гудовски го изговараат оние кои, во едно не така дамнешно време, не смееја, а и не сакаа да го спомнат. Тоа се истите оние кои борците од НОБ и НОВ ги избркаа од своите простории, а сега ги „позајмуваат“ нивните имиња за еднократна и провидна употреба.

Во Хераклеја животот не завршил во шести век туку траел до 11 век, рече археологот Енгин Насух за време на презентацијата на резултатите од проектот „Смарт- кул –тур“.

„Тоа е периодот на опстојување на Херраклеја , четврти век стара ера па се до 11 век нова ера. Онаа тероија дека во Хераклеја во 6 век завршува животот веќе не постои. Тоа веќе не важи. Имаме нови сознанија за континиуитет на градот. Со доѓаањето на христијанстсвото театрите престануваат да се употребуваат и доаѓа до едно многу брзо заградување на театарот и градење на нови објекти . Тоа е една станбена целина, која испадна на крај дека е макростанбена, се простира и десно од тетарот кон Католичките гробишта. Се работи за еден поголем дел од градот и во посиромашна фаза на живење кога се објектите од камен и кал“, рече Насух.

  

На новинарско прашање како Владата ќе одговори на поплаките на Општините дека енергетската криза негативно се одразвува врз нивнотото работење и дека тие не можат да си ги платат фактурите за потрошената електрична енергија, премиерот Димитар Ковачевски им порача на Општините да ги намалат непродуктивните трошоци за да можат да обебзбедат непречно снабдување со електрична енергија

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани