Декември 10, 2018

Шо рече

Многу мал е бројот на граѓани кои знаат за постоењето на законот за бесплатна правна помош, за нивните права како и за тоа каде можат да се обратат за да започнат за решавање на нивните проблеми, беше речено денеска на прес-конференцијата „Резултати од досегашната имплементација на проектот Пристап до правда во Македонија“, што се одржа во Младински културен центар - Битола.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов синоќа преку комични и сатирични оценки за неговата работа даде отчет за сработено во првата година од неговиот мандат, пренесува СДК.МК.

На вечерата „Скопска прес дружба“, на која присуствуваа новинари, градоначалници, директори на јавните претпријатија на Град Скопје, како и дел од министрите во Владата, за работата на Шилегов говореа новинарот Сашо Ордановски, Бранко Огњановски и градоначалничката на Битола Наташа Петровска. Тие се шегуваа за комарците, проблемот со кучиња скитници, загадениот воздух, ваучерите за пијани возачи, сообраќајниот метеж…

Јавното претпријатие „Водовод“ од Битола денеска одбележа 90 години од своето постоење. Свеченоста по повод големиот јубилеј се одржа во „Вила Виста“, каде пред вработените, но и сите поканети гости, граѓани,  функцинери,  претставници на локалната самоуправа, бизнисмени, деловни соработници,  се обрати првиот човек на ЈКП „Водовод“ Горан Козаров.

Претседателот на Совет Валентин Груевски денеска на седницата најави дека локалната самоуправа на Битола во наредниот период ќе ги субвенционира граѓаните при купување на печки на пелети и нови велосипеди, за што Општината веќе издводила 3 милиони денари, пари од буџетот.

Создадени се услови за уште поголема поддршка во Собранието за патот по кој тргна Македонија, а тоа е спроведување на реформите и членство во НАТО и ЕУ, изјави генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски на денешната прес конференција и ги повика сите пратеници да се вклучат во процесот на помирување и обединување.

Ученици од ОУ „Тодор Ангелевски“ и од ОУ „Даме Груев“ денеска цртаа кај ново уредениот  урбан простор кај месноста наречена Бела Чешма во Битола, како дел од проектот „Гласно сокаче- будно чикмаче“.

-Со самото членство во НАТО, дефинитивно Република Македонија ги бетонира и ги гарантира своите безбедносни предизвици и безбедносни ризици, рече деканот на Правниот факултет во Кичево професорот Горан Илиќ, на меѓународната научна конференцијата  „Безбедносни,политички и правни предизвици на современиот свет“што вечерва се одржува во Битола, одговарајќи на прашањето како ги оценува безбедносните предизвици на државата во овој момент.

Димитар Пипилевски, директор на ОУ „Крсте Петков Мисирков“во селото Бистрица испрати  демант на пресот на ВМРО-ДПМНЕ,  во кој Марина Стефановска Јовчева обвини дека проблемот со бесплатниот превоз на учениците во Битола сеуште не е решен.

Во писмената реакција на Пипилевски стои-

„Да подметнете „пожар“ и да ги обвините „пожарникарите“ е несериозно и, во најмала рака, лицемерно. Обвинувањата кои ги упативте во врска со превозот на ученици и набавката на учебници е полна со невистини, а со оглед на фактот што доаѓа од вашата партија е дури и смешно.

Но ајде, низ еден краток времеплов, да го побараме коренот на проблемите во образованието, воопшто.

Проблемите со превозот постојат, а оној што се обидува да ги реши треба да го поддржите или, барем, да не му пречите. До пред извесно време го имавме најскапиот превоз на ученици во светот. Зошто е тоа така можете слободно да го запрашате бившиот градоначалник Талески, а ако имате проблем да го најдете, почекајте го во судница каде му се суди за криминално организираниот превоз, пишува Пипилевски.

Накрај Пипилевски нагласува -Но, како и да е, сега македонското образование е во рацете на професионалци и силно посветени луѓе кои ќе го вратат во нормала, кои ќе ги санираат крововите, тоалетите, инвентарот во училиштата, што за сметка на гипс и стиропор беа оставени да „тонат“.

Следниот пат кога ќе решите да давате изјави за проблемите во образованието, сетете се на ова писмо кое ви го напиша директор на училиште кое има долг од околу 620 000 евра, пишува Пипилевски во реакцијата испратена до апла.мк.

„Родителите на дел од учениците се приморани сами да ги сносат трошоците, додека останатиот дел на ученици не одат на настава со што е нарушен воспитно-образованиот процес, а притоа се врши притисок врз наставниците да не ги запишуваат за отсутни со цел да се прикрие реалната состојба. По една година власт и она кое што дотогаш го имаа учениците, а им е загарантирано со закон, го немаат, немаат бесплатен превоз и се уште немаат учебници по сите предмети. Наместо да ги обезбедат учебниците што недостасуваат, на учениците им се наложува да фотокопираат со што повторно се удира врз џебот на родителите“, обвини Стефановска Јовчева на прес конференцијата посветена на состојбите во образованието.

Филип Димовски (13) од Битола за една година успеа да освие три трети места за учество на дури четири меѓународни натпревари по џудо, а се закити и со медал за освоено прво место  на Државното првенство по џудо организирано за основите училишта во државата.

„Пратениците во Собранието сме исправени пред една од најголемите историски одлуки кои Македонија ги има откако е самостојна, а пак доказот ни го дадоа граѓаните. Гарѓаните на 30 септември јасно кажаа и ни порачаа дека сакаат Република Македонија да ја видат во ЕУ и НАТО прифајќајќи го договорот потпишан со Грција. Оттаму јас верувам , уверен сум дека мнозинството пратеници, 80 од нив минимум, и оние од СДСМ, и оние од ВМРО-ДПМНЕ и оние кои се од другите политички партии се на линија на обврската и одговорноста и дека во клучниот момент кога овие предлог измени ќе бидат на Пленарната седница ќе гласаат за неопходните измени се со цел на идните генерации да им обезбедиме иднина во НАТО и ЕУ“.

Делегација од Косово беше во работна посета на Јавното претпријатие „Стрежево“ во Битола. Во делегацијата имаше претставник од министерството за земјоделие на Косово, директорите на хидро системите Ибер - Лепенец и Радоњичи - Дукаџини и регионални преставници на Светска банка. 

„Целта на нивната посета на Хидро системот ‘Стрежево’ е размена на работни искуства и стекнување на знаења за функционирањето на динамичката регулација, деталната цевководна мрежа, повеќе наменското искористување на водата ( наводнување, производство на електрична енергија, одгледување на пастрмка) и примена на наши искуства кај нивните хидро системи“, рече директорот Менде Граматковски.

За обезбедување поквалитетна настава и услови за континуиран напредок на учениците, обезбедени се три интерактивни табли  за училниците во ОУ „Коле Канински“-Битола. Интерактивните табли, со добра поддршка на компјутер, интернет конекција и софтвер ќе допринесат  за унапредување на наставните содржини. Со ваквата ангажираност се задржува вниманието на сите ученици на конкретната наставна содржина, а се зголемува и нивната мотивираност за работа, велат од ОУ „Коле Канински“.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани