2win800x200

Шо рече

Лични искуства за текот на болеста и низ што минуваат заразените од КОВИД-19 споделуваат битолчанки на групи на социјалните мрежи.

Министерот за здравство, Венко Филипче, апелира празниците и славите кои доаѓаат, да ги прославиме во кругот на семејството

Во овие тешки моменти кога епидемијата галопирачки се движи во нагорна линија и кога бројот на заболени од ден на ден руши црни рекорди достигнувајќи ја бројката од 1085 заболени денес, со скоро 1000 смртни случаи за изминативе седум месеци, би сакал уште еднаш со Вас да споделам некои мои размислувања, совети, неспорни факти и препораки.

Во организација на Младинскиот културен центар од Битола се одржа панел дискусија на тема „Ефектите од економските мерки на Владата за справување со кризата од КОВИД-19 врз стопанството во Битола“.

Настанот се организира во соработка со Локалниот економско социјален – совет на Општина Битола којшто ја издвои оваа тема за дискусија поради наејзината актуелност а со цел да им се даде можност на битолските стопанственици да дискутираат на темата и да извлечат заклучоци и решенија кои заеднички би ги адресирале до донесувачите на одлуки на локално и национално ниво.

„Заврши првата фаза на евалуација од целокупната постапка за доделување на високоефикасни инвертер клима уреди. Средствата обезбедени за реализација на овој јавен повик се воедно и една од најголемите инвестиции досега во насока на подобрување на квалитетот на живот. Без лажна загриженост, без приказни за Божји сили, ова е навистина сериозен исчекор во борбата против аерозагадувањето. Да не го забораваме фактот дека ова е првпат државата во рамките на планот за чист воздух да даде 2,5 милиони евра за кои се заслужни и АД ЕСМ кои ги обезбедија средствата, Владата на РСМ која овозможи механизам за трансфер на тие средства, па се до одлучноста на Општина Битола да ја спроведе целата постапка“, рече Татјана Крнчева, советник од СДСМ во Советот на Општина Битола.

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денес во Данска ја започнува новата авантура во европскиот ракомет. За жал, во време на корона, тешко дека ќе имаме можност да го бодриме од трибините и кога ќе игра тука во Спортската сала Боро Чурлевски.Без разлика на околностите, сигурен сум дека битолчани ќе го бодрат својот клуб каде и да игра, кога и да игра, изјави на денешната прес конференција Претседател на СДММ Битола, Петар Николовски.

„А, до пред само една година, врвен европски ракомет битолчани гледаа само на телевизија. Локалната самоуправа предводена од СДСМ покажа дека со искрен и сериозен пристап кон спортот, Битола може да се радува и на Лига на шампиони.

Во филателистичкиот материјал во Македонија, а и поранешна Југославија, кој се состои од  поштенски марки, поштенски блокови, жигови (печати), карнети, пликови и друго Илинден и македонските револуцинери редовно биле присутни.

Од македонските војводи најчесто бил илустриран Гоце Делчев на поштенските марки што се користеле уште во социјалистичка Македонија. Поштенска марка со неговиот лик се ставала во 1984 година, а сликата била преземена од дело на Димитар Кондовски. Имало и други поштенски марки кои најчесто се печателе по повод јубилеј од неговото раѓање или смртта (1872-1903). Печат со неговиот лик во Штип бил изработен на сто годишнината од неговото раѓање, поточно во 1972 година.

Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови во државaта се извршени вкупно 36 надзори и 488 контроли во угостителски објекти согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и здравствените протоколи (дозволено растојание, распоред и број на маси, итн) за отворање и работа на угостителски објекти.

При тоа, во дел од угостителските објекти се утврдени неправилности во делот на непочитување на здравствените протоколи, непочитување на работното време и прекршување на Законот за заштита од пушењето, поради што ДПИ ќе поднесе:

  • 12 кривични пријави за непочитување на здравствените протоколи во угостителски објекти во Скопје, Охрид, Битола и Кичево.
  • 2 прекршочни постапки за затекнати нерегистрирани објекти во Скопје и Тетово
  • 1 прекршочна постапка за непочитување на работно време во објект во Кичево.
  • 1 прекршочна постапка за прекршок по Законот за заштита од пушењето во објект во Скопје.
  • 1 непостапување по издадено rешение за привремена забрана за вршење дејност од страна на објект во Битола, за што ќе следи физичко запечатување на истиот со пломба.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани