Шо рече

Активностите  околу проектите за топлификација и гасификација на Битола беа главните теми на кои денес се разговараше на средбата на градоначалничката Наташа Петровска со генералниот директор на АД ЕЛЕМ Драган Миновски, директорот на инвестиции и развој во АД ЕЛЕМ Иван Трпески, директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски и помошник директорот за производство во РЕК Битола Златко Ќурчиевски. Раководството на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола ја информираа градоначалничката Петровска за конкретните активности во однос на реализацијата на овие процеси, со што во наредниот период треба да се интензивираат проектните активности.

Со влезот во НАТО и ЕУ, законите ќе бидат исти за сите граѓани. Ако вие платите за погрешно паркирање и претседателот ќе плати ако го стори истото прекршување, изјави амбасадорката на Хрватска Даниела Баришиќ на форумот „Перспективите од НАТО интеграцијата- Што ќе донесе пристапниот процес за Македонија и нејзините граѓани“.

 

Амбасадорката на панел дискусијата, која беше организирана во рамки на проект поддржан од УСАИД, рече дека членството во НАТО и ЕУ на Хрватска ѝ донело многу предности.

„По влезот во НАТО, во Хрватска се удвоија странските инвестиции иако беше тоа период на економска криза. Секој инвеститор сака да инвестира во стабилна земја каде законите не се менуваат како што на некој ќе му текне кога ќе се разбуди наутро“, рече Баришиќ.

-Во последно време се почесто слушаме за професионален коуч, да ни објасните подетално што е тоа?

Најкратко кажано, коуч е човек кој ги поддржува клиентите на нивното исклучително лично животно патување. Одликата на добриот коуч е да препознае што му е потребно на клиентот да стигне до целта. Тој не советува, не дава свои решенија за животните ситуации туку ги изнесува и осветлува вашите идеи, ви помага да осознаете што сакате од себе, ве поттикнува да се соочите или да ја промените перспективата. Тој ви пружа јасност во дефинирањето на целите, можност за носење одлуки, покренување на акција. Со најмала интервенција ве поттикнува на најдобар можен резултат.

Нека 30 септември е денот кој ќе биде празник за современата македонска историја, за европска  Битола и европска Македонија, повика градоначалничката Наташа Петровска вечерва  од митингот "За европска Македонија" што се одржа на плоштадот „Магнолија“.

-Овде сме да ја покажеме нашата политичка зрелост, не како политичари, туку како битолчани дека умееме да учиме од историјата , она што било добро да го зачуваме , она што не чинело да не се повтори. Важно е во овие моменти да се одбере патот  на иднината на државата како потврда на таа зрелост, рече градоначалничката Петровска  пред битолчани.

Градоначалничката Наташа Петровска написмено им ги достави одговорите на советниците кои на минатата седница и ги поставија лично до неа за (не)функционирањето и  работата на општината.

Петровска им одговорите на прашањата,  како ќе се реши проблемот со исклучената струја во блокираните училишта, колкав е реалниот долг на училиштата, што со преговорите за Копанки, каменоломот над Битола, до каде се проектите за гасификација и топлификација, за чистењето на коритото на реката Драгор и слично.

На прашањето на советникот од ПОДЕМ Николче Јанкуловски, дали ќе си поднесе оставка Патровска одговара категорично не.

Министерот за здравство Венко Филипче денес ги посети жителите од Општина Новаци со кои разговараше за референдумот и придобивките што Македонија ќе ги има од влезот во НАТО и ЕУ.

„Жителите на Општина Новаци ќе излезат на референдумот и ќе гласаат за европска Македонија. Предностите од членството во НАТО кој е најголем безбедносен сојуз во светот во овој момент се огромни. Тоа значи гаранција за нашата безбедност, гаранција за нашите граници. Членството во ЕУ прво го гарантира економскиот напредок, се отвораат огромен број на фондови, а тоа значи и големи инвестиции во нови фабрики, училишта, болници, инфраструктура, сето тоа значи зголемен број на работни места, поголеми плати и стандард за нашите жители, тоа значи дека младите ќе останат во нашата земја.

Пајак службата на ЈКП „Комуналец“-Битола денеска  беше на задача во ОУ „Гоце Делчев“-Битола, каде на првиот училишен ден требаше да ги отстрани паркираните возила  од училишниот двор. Граѓани, вработени во околните институции секојдневно училишниот двор го користат како пракинг за своите возила, притоа ги оставаат автомобилите под прозорците од училниците или на спортските терени, загрозувајќи ја неретко и безбедноста на учениците додека се движат и трчаат низ дворот.

Билјана Стојковска, директор на ОУ „Гоце Делчев“ Битола вели дека непрописното и недозволено паркирање во училишниот двор им задава проблеми во функционирањето и безбеденоста на учениците.

Навреди и разни кавалификации упатија кон градоначалничката Наташа Петровска некои советници на денешната седница на општинскиот Совет, кои го искористија нејзиното присуство за советнички прашања.  Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анита Ангелевска, инаку поранешен директор во гимназијата „Таки Даскало“ и една од обвинетите во случајот „Транспортер“ ја праша Петровска  за ветените проекти  во изборната кампања и до каде е нивната реализација, се подбиваше со објавите на Петровска на ФБ и ја нарече најнеспособен градоначалник.

Македонскиот мултидисциплинарен уметник Никола Узуновски готви на сонце во Битола. Со неговиот перформанс „Соларна кујна“ во четврток во 11 часот во паркот на Офицерски дом ќе биде отворено 13 издание на Фестивалот за современи уметности- АКТО. Но, тој деновиве може да се сретне во дворот на Основното училиште „Гоце Делчев“ како се подготвува за настапот, поточно готви различни јадења.

„Кривото огледало концентрира светлост во оваа зона со рингли и ќе готвиме на тоа. Сега експериментираме со рани рецепти, за да видиме што може да се зготви, а што не, на колку степени, колку долго треба да се готви. Се обидуваме да направиме црни палачинки кои ќе ги користиме како садови за јадење“, рече Никола Узуновски.

Ова е проект за самоодржливост и може да функционира без барање на дополнителни средства.39777167 399886160536797 2858869831539621888 n

39786167 267452557420298 467941145075253248 n

Оваа година во рамките на „Битфест“ 2018 по осми пат ќе се одржи манифестацијата „Незаборав“ на која ке бидат испеани песните од групата „Битолски конзули“. Претходните години „Незаборав“ беше посветен на: Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бавтировски, Љупчо Спасеновски (Буба Мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски и Миле Шерденков. „Незаборав“  ќе се одржи во понеделеник  во 20 часот во Центарот за култура Битола.  Влезот е слободен.

Санирано е свлечиштето над зафат Г-0, поврзан е Главниот канал за вода и поврзан е цевководот за РЕК Битола, информираат од ЈП „Стрежево“ Битола .

-Приоритетот кој беше даден во Август 2017 е остварен. По една година се санира свлечиштето над село Драгарино, поврзана е новата зафатна градба на Главниот доводен канал и поврзан е цевководот за РЕК Битола. Се испорачува технолошка вода со максимален проток до сите водокорисници на ЈП „Стрежево“,информира Менде Граматковски директор на ЈП„Стрежево“.received 2020885594657986

Големо свлечиште се појави во февруари 2015 година, и сериозно го оштети главниот канал за довод на вода и цевководот од кој со технолошка вода се снабдуваат РЕК Битола и индустриската зона. Станува збор за дел на системот кој е од стратешко значење, па затоа беше потребно ангажирање на сите стручни служби од претпријатието и експерти од Градежниот факултет во Скопје.received 277351336396655

Дводневниот  „Фестивал на староградска музика и вино“ започнува вечерва во Старата битолска чаршија пред платото на Мал битолски монмартр. Со почеток во 21 часот денеска битолчани ќе можат да уживаат во изведбите и звуците на Тони и Акорди бенд, Мелос бенд, Икс бенд, Бојан Стојков, Марија Груевска, Папалот.

Утревечер настапуваат Деспина бенд, Екстраваганза бенд, Димитар Андоновски, Билјана Дамјановска- Јанчевска и Борче Наумовски.Фестивалот се одржува во рамките на Битфест.

Битолската млекарница „БИМИЛК“ на креативен начин се одлучи да го тестира новиот вкус на „Битолско екстра“-кравјо кисело млако, па на дел од своите потрошувачи денеска лично им доставуваше пакетчиња  во кои имаше ставено по едно пакување од новиот производ „Битолско екстра“ кравјо кисело млеко и баничка. Акцијата е насловена БИМИЛК- појадок во среда, а во рекламниот материјал со порака стои- „Уживајте во освежителниот вкус на новото Битолско екстра кравјо млеко во совршена комбинација со традиционална домашна пита“.

received 1815314425230070

Гестот на „Бимилк“ пријатно ја изненади и редакција на апла.мк која потврдува дека кравјото кисело млеко навистина е со екстра вкус.

received 1117102165134044

. Од „БИМИЛК “ велат -П.С. Не купувајте појадок ниту следната среда                       

 

 

received 526205697835674

 На барање на потрошувачите, Битолска млекара го збогати своето портфолио на производи   

Најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија – Бимилк го збогатува своето портфолио на кисело-млечни производи со уште еден освежителен вкус за сите љубители на изразито киселкав вкус на киселото млеко.

Новиот производ – Битолско екстра кравјо кисело млеко, доаѓа како резултат на повеќемесечни опсежни истражувања на пазарот и мислењето на потрошувачите, што уште еднаш ги потврдува способноста, подготвеноста и капацитетот на Бимилк да ги слушне и да ги пресретне потребите на потрошувачите.

Имено, резултатите покажаа дека потрошувачите на Бимилк, особено оние од Источна Македонија, го преферираат покиселкавиот и поосвежителен вкус на киселото млеко, па оттука потекна и идејата за лансирање на овој нов производ, велат од Бимилк.

„Воведувањето Битолско екстра кисело млеко е дел од нашата стратегија за проширување на производното портфолио на производи што ги задоволуваат специфичните потреби и очекувања на сите наши потрошувачи. Нашиот оддел за истражување и развој во изминатиот период навистина посветено и неуморно работеше во креирањето на совршениот производ, кој е комбинација на извонредно фина и кремаста структура и киселкав вкус, и за кој се надеваме дека ќе ги задоволи и најспецифичните вкусови“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Произведено од најквалитетното домашно млеко по најсовремените стандарди за производство, новиот член на портфолиото „Битолско“ ги содржи сите нутритивни вредности како и првото и омилено, препознатливо Битолско кисело млеко, но она што го разликува е неговиот специфичен киселкав вкус што на храната ѝ дава дополнително освежување при секој следен залак.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани