2win800x200

Спомени за исчезнатите новачки села- Ханума од Истанбул до смрт зборувала македонски јазик

Мај 28, 2018

Во тој крај, чифлик-сајбиите со полни кеси златници купувале села еден од друг. Турците помагале да се изградат цркви за да добијат пород. Имало жители со по 116 години, а на почетот на дваесетиот век села со импровизирани железници и жичници. Вака истражувачот Ѓорги Лазаревски го опишува минатото на давесетина села од новачкиот крај чие постоење било забалежано во турските тефтери од 1468 година, а денес се исчезнати од картата на Новаци. Тоа е една од најголемите општини по територија во Македонија, но и една од најретко населените. Така, од некогашните села Чегел, Петалино останале гробови, од Грдилово, Букри, Грабаново нема трага.

 

На дел од селата судбината им ја запечатиле војните. Таму мунувал Солунскиот фронт, па жителите се разбегале. Други исчезнале во поново време, биле раскопани за јаглен од РЕК, а од трети, жителите се раселиле во потрага по подобар живот. Тајните и легендите кои ги криеле селата, Лазаревски ги објави во книгата „Исчезнати и раселени населби во општина Новаци“.

-Велесело било чифлик на Сали-бег кој го купил за четири кесиња полни со пари од некој друг Турчин. Во друго село Совиќ постои легенда за помошта на чифлик-сајбиите Арслан- бег и Дањан- бег. Едниот од нив немал пород, па му се сонило дека ако им помогне на совиќани во изградбата на црквата ќе биде благословен од Бога. Беговите помогнале и се случило чудо, по девет месеци сопругата на бегот добила пород- раскажува Лазаревски.

Животната приказна за ханумата од Истанбул која до смрт зборувала македонски јазик води корени од селото Лешница. Тоа било уништено за време на освојувањето на Турците. Единствениот преживеан било деветгодишно девојче, кое се криело под карпа. Го пронашол еден аскерлија и му го предал на својот командир. Тој го однел во Битола кој сопругата со која немале пород. По неколку години се преселиле во Истанбул. Девојчето пораснало во убава девојка и се омажило за богат Турчин. По многу години ханумата го посетила родното место и запалила свеќи за родителите. Била професорка и настанот го опишала во некоја книга, а до крајот на животот не го заборавила својот мајчин јазик.

Ламов од Полог со Шатев бил на заточение

Иако селата исчезнале, останале запаметени имњата на повеќето револуционери од овој крај. Меѓу нив и Петре Ламов од Полог, кој 1905 гопдина бил осуден на 101 година заточение во Фезан, Африка заедно со гемиџијата Павел Шатев.

-Патувањето било групно, тешко и со крај ни напори. Пешки го поминале долгиот пат од 950 километри низ пустината од градот Триполи до Мурзук. Патувале 30 дена пратени од краван од камили и силно обезбедување. Некогаш патувале со окови. Некои од затворениците по пат умирале, а некои во затворот, а најиздржливите преживеале. За време на Уриетот во 1908 година бил помилуван и со Шаетв за дома тргнале на 18 август, а во Солун стигнале на 3 октомври- раскажува Лазаревски.ѓорги лазаревски во selo Dobroveni

Местото било познато и по големиот шегаџија, ѕидарот Богдан (Дулте) на чии шеги и разни марифетлуци би можел да му позавиди и мариовскиот шегаџија Итар Пејо. Понатаму, по најстариот жител на овие села Митре Божиновски од село Балдовенци. Се родил 1865, а починал 1981 година, живеел 116 години. Биле интересни и презимињата на некои од семејствата Клечковци, Семковци, Шаторовци, Шуплевци, Мешковци, Ушковци.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани