2win800x200

Професионалноста пред сѐ, порача новинарот Марјан Танушевски, добитник на наградата „Тоде Петрески“

Мај 30, 2018

Професионалноста пред сѐ, порача новинарот Марјан Танушевски на кого денес „Битолски весник“ му ја додели наградата за новинарство и репортажа „Тоде Петрески“ во чест на покојниот колега, некогашен дописник на Радио Скопје од Битола.

 

„Професионалноста пред сѐ, а со самото тоа ќе оди и храброста. Што посилни медиуми, толку повеќе демократија во земјава и во градот. Ќе порачам дека поддршката на медиумските работници секогаш треба да се одвива институционално, како од јавниот така и од бизнис секторот бидејќи новинарството ви го донесува светот, но и ве внесува во светот“, рече Танушевски.

Тој е новинар- уредник во Државната новинска агенција МИА, професионалец со долгогодишна новинарска кариера. Танушевски се занимава и со наука. Тој е доктор на науки, професор во Бизнис Академија Смилевски и претседател на Научното друштво на Македонија со седиште во Битола.

Марјан Танушевски наградата ја доби за серијата репортажи објавени во својата матична куќа МИА како што се: „Првиот наставен час на современ македонски јазик во средното образование”, „Несовесно трошење – хартијата во предност наспроти компјутерот”, „Еврејските огништа во Битола”, „Гимназискиот Дневник на Кемал Ататурк”, „Дрвените играчки на Благоја Секуловски од село Журче”, „Велушина – село со 9 цркви и ретки икони од 18 век”.

Наградата се доделуваше по 14 пат во чест на доајенот на битолското новинарство Тоде Петрески.

„Мојата порака е да се почитува новинарството, она новинарство кое го зацртаа доајените и пред и по Тоде. Новинарската професија не е обична професија, новинарите се луѓе од посебен ков, тие се разбудениот дел на народот и мора да се колнат во една единствена религија, а тоа е вистината. Таков беше мојот сопруг. Ако се држат до вистината тоа е голема храброст“, рече Снежана Петреска, сопруга на Тоде.33943510 391914807958558 473022611077464064 n

Наградата ја доделува „Битолски весник“, а уредникот Менде Младеновски изјави дека пораката на манифестацијата е крик за спас на битолското и македонското новинарство.

„Го испраќаме последниот крик на битолските новинари за спас на битолското и македонското новинарство. Новинарите во Битола заслужуваат третман и тука треба да се вклучат сите и локалната самоуправа и јавните претпријатија. Не можат само новинарите да бидат оставени на пазарно работење. Доколку тие принципи важат за новинарите тогаш нека важат за сите институции во државата бидејќи нас не оставија на пазарно работење, а пазарно работење нема во партизирано општество“, рече Младеновски.33892841 391914767958562 711912402932727808 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани