2win800x200

СО ЕВРОПСКИ ПАРИ УРЕДЕН РЕКРЕАТИВЕН ПАРК КАЈ РЕКАТА КОЊАРКА (фотогалерија)

Јуни 21, 2018

Со европски пари уреден е рекреативен парк крај мариовската река Коњарка, во близина на новачкото село Скочивир. Преку проектот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција насловен како „Жива природа, жива историја 2“ беа доделени 80 000 евра за да се уреди едно од омилените место за рекреација во општина Новаци.

 

„Овој комплекс се наоѓа во чиста животна средина и секој викенд е посетен најмалку од 200 до 300 луѓе. За нас како општината ќе значи многу за развојот на туризмот. Поставени се видиковци, дрвени клупи, маси, лулашки, места за скара, канти за отпадоци, речното корито ѕидано е со камен, просторот е хортикултурно уреден“, рече градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски.

Промоцијата на реализираниот проект беше со културен хепенинг, каде во чиста природа можеа да се вкусат и домашно подготвени кулинарски производи.

„Ова место е рај за рурален туризам. Место кои некои од нас првпат го видоа, а е само на 30 до 40 километри од Битола. Сфативме дека Македонија колку и да е мала ни требаат уште три животи за да ја истражиме. Организацијата на жени е дел од овој хепенинг и со своите производи почнувајчќи од солено до благо им понуди на посетителите да каснат домашно подготвени производи“, рече Светлана Петковска од Организација на жени.

Во рекреативниот парк кај Коњарка, Општината Новаци и Европската асоцијација за локална демократија АЛДА организираа културен хепенинг во рамки на програмата Европска година за заштита на културното наследство. Новаци има и прокети со француски општини, посебно успешно соработува со Нормандија. 

Добро е кога се гледааат европските фондови и пари на места каде има конкретна и успешна реализација. Франција останува тука присутна посебно во соработката со регионот на Нормандија зашто имаме интерес да го развиваме меморијалниот културен туризам. Повикуваме да го задржиме ова паркче вака уредено и да го заштитиме културното и природното наследство“, рече француската конзулка Калиопа Кривашија Стилиновиќ.

35815037 405049766645062 2773440513955594240 n

35884225 405049456645093 2188701117699850240 n

35887011 405048903311815 7031470635943460864 n35812550 405049803311725 2588340428658966528 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани