ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА „С.А.Р.С.“ НА ФЕСТИВАЛОТ „БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД 2018“

Јуни 25, 2018

Култниот белградски алтернативен рок бенд „С.А.Р.С.“ оваа година е главна ѕвезда на 17-то издание на фестивалот „Битола отворен град 2018“ во организација на Младинскиот културен центар од Битола што ќе се одржи од 25 до 30 јуни во Битола. Големиот концерт ќе се одржи на плоштадот Гоце Делчев овој четврток со почеток од 22 часот.

 

„Свеже Ампутирана Рука Сатријанија“ или скратено „С.А.Р.С.“ е српска алтернативна рок група од Белград, основана во 2006 и од тогаш до денес имаат издадено 9 албуми, многу успешни турнеи и популарни песни. Нивната музика е комбинација од поп, рок, реге, хип-хоп и блуз, со елементи од традиционалната српска народна музика.

Групата добива награда за музичко откритие за 2008 година од TV Metropolis и освојува две награди од страна на публиката во гласањето кое било организирано од интернет магазинот Popboks за најдобар дебитантски групата и најдобар сингл во 2008 година.

Годинава ќе настапат во Битола после 7 години каде во 2011та го промовираа нивниот тогашен втор албум „Перспектива“ во рамките на фестивалот Битола отворен град.

На големиот концерт како предгрупа во 21 часот ќе настапат и бендовите „THE PRODIGY live tribute band“ од Белград и “FUNK SHUI” од Скопје.

„Влезници нема, отворен ќе биде просторот сите се добредојдени. Се надеваме дека настанот ќе привлече големо внимание. Ова ќе биде квалитетен целовечерен концерт со голема бина, добра продукција, кристално јасен звук, многу интересни светлосни ефекти“, вели Златко Талевски од МКЦ.

Вториот интересен музички настан е во Пацио во Завод и музеј, оваа сабота, кога ќе се одржи мултимедијалниот настан „60 години од раѓањето на Милан Младеновиќ-како и понатаму да е тука„. Младеновиќ е фронтменот на култната групата „ЕКВ“, а во негова чест ќе настапи бендот „Деца из воде“ кои ќе ги изведат во живо најголемите хитови, ќе бидат проектирани и документарни филмови и уникатни фотогрфии од Младенович.

„Ова е најголемото издание на фестивалот не само по содржините и гостите, туку и заради темите кои ќе ги понудиме и елаборираме на фестивалот. И годинава ќе потврдиме дека фестивалот е најголем магнет за публиката не само во Битола и регионот. Ние нудиме специфичен жанр на музика и настани и секогаш сме биле максимално посетени“, рече Сашо Додовски од МКЦ.

„Битола отворен град 2018“ започна денес со изложбата на Мејл арт – дописна уметничка кореспонденција и во следните шест фестивалски дена ќе изобилува со бројни културни настани.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани