2win800x200

Кино клубот „Милтон Манаки“ со две награди од филмскиот фестивал во Шумен-Бугарија

Јуни 27, 2018

Кино клубот „Милтон Манаки„ од Битола,  денеска им ги врачи високите признанија на двајцата нивни членови, Христијан Кочовски и Ема Лазаревска,  кои за нивните 2 филма се стекнаа на меѓународниот  фестивал на краткометражен филм  во Шумен-Бугарија.

-Учествуваме на овој фестивалн со 10 филма, а овие два кандидати добија признание со плакети за нивните филмови. Двата филма кај жирито во Шумен побудија голем интерес. Исто така и другите филмови кои беа прикажани на фестивалот предизвика висок интерес, рече Стефан Хаџиантоновски од кино клубот „Милтон Манаки“ –Битола.

Денеска започна со работа летниот филсмки камп во организација на кино клубот „Милтон Манаки“ кој работи во рамките на Народна техника од Битола.

-Филмскиот камп ќе работи 3 дена. Првиот ден ќе биде овде во Битола, утре во Крани-Преспа ќе работиме на тема цртан, документарен и игран филм. В петок продолжуваме во Битола со работа, а во вечерните часови работилницата ќе заврши со доделување сертификати на посетителите на курсот, рече Хаџиеантоновски

На работилницата учествуваат ученици од основно и средно образование, а е финансирана од Агенцијата за филм и општина Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани