2win800x200

Битола ќе добие кино на отворено финансирано со европски пари

Јуни 28, 2018

Со пари од европските фондови за прекугранична соработка  Битола ќе добие кино на отворено. Проектот предвидува набавка на опрема за киното која ќе биде ставена во функција на културнито развој на градот, како и опрема за туристички информативен центар на локалција која ќе биде во интерес на сите посетители на Битола.

 

Исто  така со овој проект ќе се овозможи и 3Д интерактивна и виртуелна прошетка низ културно историското наследство на градот, со посебен акцент на стариот театар што ќе претставува можност за доближување до сите генерации на значајните културно – историски објекти, во нивниот некогашен облик.

Општините Битола и Воден од Грција се партнери во овој проект насловен „Кинокултура - интерактивна и виртуелна презентација на културното наследство и кино“, кој веќе е одобрен и финансиран од Интеррег ИПА програмата на Европската унија за прекугранична соработка со Грција.

Договорот за партнерство градоначалничката Наташа Петровска го потпиша денеска, со што и официјално започнуваат подготовките за потпишување на финалниот договор за реализација и имплементација на проектот, во кој покрај Битола и Воден, партнери се и јавно претпријатие од Воден и Здружението Грин лист од Битола.

Реализацијата на овој проект ќе овозможи промоција на големото културно историско наследство во прекуграничната област, со цел создавање услови за збогатување на туристичката понуда на Битола, но и на прекуграничната област.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани