2win800x200

150 канти за пластичен отпад поделени во населбата Стрелиште

Јули 06, 2018

Јавното претпријатие „Комуналец“ во соработка со Општина Битола и компанијата „Пако Мак“ од Скопје обезбедија 150 канти и 10 контејнери за пластичен отпад во битолската населба Стрелиште. Ова е четврта населба во градот што добива канти за пластика, а целта е кај граѓаните да се подигне свеста за селекција на отпадот. Досега вкупно се обезбедени 1650 канти и 150 контејнери за пластика.

 

„Граѓаните ќе имаат можност да вршат селекција на отпадот и пластиката да не ја ставаат заедно со другиот отпад. Тој пластичен одпад ќе се подига еднаш месечно, а по потреба и повеќе пати. Не е лоша соработката со граѓаните, но имаме проблем со таканаречените диви собирачи на пластика и на хартија. Тоа претежно се случува од контејнерите. Количините на собрана отпадна пластика сѐ уште се на недоволно ниво“, рече Панде Богоевски, директор на ЈП„Комуналец“.

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека оваа акција е сериозен придонес кон третманот на отпадот.

„Свеста не се прави преку еден ден, туку се надоградува низ низа активности. Искуството покажа дека селектрирањето на стаклото беше успешно во Битола и дека доколку се работи во оваа насока можеме да направиме многу повеќе во селектирањето и третманот на отпадот во нашата општина“, рече Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани