2win800x200

Младиот битолчанец Божидар Николовски понесе две награди на охридски „Канео фест“

Јули 19, 2018

Има само 18 години, неколкумесечно музичко искуство, а веќе се закити со две  награди на неодамна одржаниот фестивал во Охрид „Канео фест“. Битолчанецот Божидар Николовски, како дебитант,  за неговата прва песна „Да си моја“ на оваа музчка манифестација ја понесе втората награда од жирито и наградата за најдобар аранжман. Комплетен автор на наградената композиција е Мими Марковски.

Николовски вели дека ова признание е голем мотив за него да продолжи да се занимава со музика, на која активно му е посветен кусо време. Најпрво го снимил својот прв кавер со познатиот македоснки музички хит „Осамен“ на Трајче Манев, по што почнал да посетува часови по соло пеење, а потоа следеше и неговиот втор кавер на песната “Битола мој роден крај“

-Ја сакам забавната музика, но со подеднаква љубов ги изведувам и народните песни, се уште не сум определен кон еден музички стил. Најважно е да ја почувствувам песната и да ја изведам со многу емоции, затоа што публиката тоа знае да го препознае. Мојата прва песна, „Да си моја“ мислам дека ќе биде хит, а се надевам дека и понатаму ќе имам добри песни, вели младиот Божидар.

Вели дека негова желба е да направи кариера и дека во наредниот период ќе се посвети на музиката. После некои негови настапи битолчани го нарекоа битолски Чола, но Божидар скромно возвраќа дека многу му годи споредбата со легендарниот Здравко Чолиќ, но сепак тој е Божидар Николовски и сака да создаде сопствен имиџ, за што ветува напорно ќе работи на својот талент. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани