Изложба „Фолклорни мотиви“ на Петар Ставрев: „По планината најголема љубов ми е фолклорот“

Јули 26, 2018

Убавината на македонската носија вечерва ќе светне преку изложбата на фотографии „Фолклорни мотиви“ од истакнатиот битолски фотограф Петар Ставрев. Свеченото отворање е вечерва во Фоајето на Центарот за култура во Битола во 19 часот, а ќе се одржи во рамки на предфестивалската програма на 48 Интернационален фестивал „Илинденски денови“ во Битола.

Ќе бидат изложени четириесет фотографии со фолклорни мотиви кои Ставрев вешто и професионално ги уловил со својот фотоапарат на „Илинденски денови“, „Галичка свадба“, фестивалот во Долнени и на други манифестации. Комитското оро, играорните преплети, уникатниот македонски вез, традиционалните свадби и обичаи ќе бидат прикажани на 21 пано со фотографии.

 

„По планината, најголема љубов за фотогрфирање ми е фолклорот. Во мојата колекција имам безброј фотографии со фолклорни мотиви и навистина беше тешко да се избере од богатиот фонд за да се прикаже на изложбата“, рече Ставрев.

Писателот Владимир Костов во каталогот за изложбата, Ставрев го нарекува инвентивен уметнички фотограф, фотографски хроничар на Битола, но и на нејзиното рурално опкружување со акцент на нејзиното богато историско наследство.

Ставрев се смета дека во моментот располага со најбогатата фото документација за Битола и настаните во неа за изминатите педесетина години.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани