2win800x200

На главоболки и потешкотии во дишењето се жалат битолчани со честите промени на температурите

Август 06, 2018

Главоболки, покачен притисок, потешкотии во дишењето  на овие здравствени проблеми најчесто се жалат битолчани деновиве поради промената на температурите  и горештините, потврди за апла.мк д-р Васе Николовска лекар во Итната медицинска помош во Битола. Николовска вели дека како дежурна служба повиците од граѓаните доаѓаат  најчести во вечерните часови после 19 часот, и во текот на ноќта кога  имаат полни раце работа.

 

-Поради честите промени на температурите најчесто повозразните граѓани се жалат на главоболки и на потешкотии во дишењето, но не се исклучок ниту помлади пациенти кои ги имаат истите тегоби. Тука секако проблем прави и високиот крвен притисок, затоа препорачуваме хроничните болни и останатите со ризик фактор да ја земаат редовно терапијата  и да внимаваат да не се движат на отворено од 11 до 17 часот, да носат лесна облека и често да пијат течности, вели лекарката Николовска.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани