„Битолски партизански легенди“-изложба на портрети на битолски партизани

Август 09, 2018

Општинскиот одбор на Сојузот на борци, утре (петок) со почеток во 19 часот во „Магаза“-Битола, ќе ја отвори изложбата на портрети на битолски партизани, „Битолски партизански легенди“, чиј автор е историчарот д-р Александар Литовски.

„Денес, на родените во слобода, треба јасно да им се каже за овие великани на борбата за социјална правда и национална афирмација, треба јасно да им се укаже дека токму тие комунисти и праведници кои гниеле по затворите на круносаниот двоглав орел и по логорите на исправениот лав што блуе оган, дека оние кои крвареле од фашистичките куршуми, дека тие луѓе кои свесно оделе во смрт со извикот „Смрт на фашизмот - слобода на народот“, се луѓето кои ја заслужуваат нивната почит и кои треба да им бидат еталон за живеењето во овој неправеден и суров свет“, вели авторот д-р Алкесандар Литовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани