2win800x200

Битолчани се жалат на сообраќајниот хаос и несовесното паркирање во пазарните денови

Август 14, 2018

Граѓаните кои живеат во зградите во близина на Градскиот зелен пазар во Битола, се жалат дека продавачите на земјоделски производи, но  и купувачите ги окупираат зелените површини и пешачките патеки на улиците околу пазарот, особено поранешната улица „Едвард Кардељ“.

На страната на „Битола сака чист воздух“и денеска се објавуваат фотографии од страна на револтирани граѓани кои не можат слободно да се движат по пешачките патеки од паркирани автомобили со колички каде продавачите-земјоделци ги носат производите.

received 514517702310559

 

Граѓаните од околните згради бараат полицијата да интервенира и да ги казни несовените возачи за срамното паркирање, а исто како што секој ден сообраќајната полиција ја контролира ситуацијата кај поранешната стоковна куќа „Јавор“ да ја контролира и по околните улици, блиску до пазарот, особено во пазарните денови вторник и петок.

received 1887549011358877

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани