2win800x200

Шарена Чешма пред сто години и денес

Август 15, 2018

Шарена Чешма над баирското училиште „Тодор Ангелевски“ каде и ова лето се разладуваат битолчани од летната жега, постоела и пред сто години. Доказ за тоа е фотографијата од чешмата што била искористена за да се направи разгледница во времето на Првата светска војна. Разгледницата деновиве беше објавена на интернат блогот Битола низ годините и деновите што поминале и доаѓаат.

 

Фотографијата била направена за време на војната, па на неа се гледаат и војници во униформа. Пишува дека претставен е северниот дел од Битола во војната 1914-15-16-17.... Трите точки покажуваат дека војната уште не била звршена. Градбата на чешмата до денес ја зачувала формата иако беше реновирана пред дваесетина години. Зачувана е и формата на некогашното мермерно коритце, кое денес е бетонско.

До чешмата има угорнина, која постои и денес , а тоа е улицата „Ваташа“. Околу се издигаат куќи, од кои повеќето во понови време ги нема, но некои останале и по сто години. Од старата фотографија не може да се види дали на чешмата и пред еден век бил насликан ликот на девојката што го носи до денес. Битолските маала кријат многу податоци за секојдневнието на битолчани низ вековите, кои чекаат да бидат истражени и раскажани. Една од нив е и името на чешмата, Шарена.  16473951 1188549841240999 3384414977428765636 n

39165925 300882090495147 6175739105620525056 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани