2win800x200

Монографијата „Етнографија и антропологија на Македонците „Нашинци“ од македонско – албанското пограничје“на авторот д-р Мери Стојанова, една поинаква слика за нашинците во Албанија

Август 24, 2018

Ова дело и овие сознанија може да дадат една поинаква слика и перцепција  за Македонците  генерално и за останатите луѓе кога станува збор за македонското малцинство или за нашинците во Р. Албанија. Ова е само една од пораките што ја носи монографијата „Етнографија и антропологија на Македонците „Нашинци“ од македонско – албанското пограничје“ на авторот д-р Мери Стојанова, која вечерва беше промовирана во НУ „Завод и Музеј“ – Битола. Книгата е резултат на теренските истражувања и кабинетската работата на нејзината докторска теза во која акцентот е ставен врз промената на традиционалната култура на Македонците – нашинци, во пределите Мала Преспа и Голо Брдо.

 

-И во пределот Мала Преспа и во пределот Голо Брдо се исклучително зачувани етнографските карактеристики кај локалното македонско население и кај нашинците во двата предели. Ова од една страна зборува за нивната затвореност во рамките на албанската држава, меѓутоа повеќе во рамките на сопствените предели, што реално од научен аспект од една страна е добро, бидејќи можеме да проследиме долг историски континуитет на развој и динамика на движење од различни акспекти на традиционалната култура на нашинците во Албанија,рече авторот Стојанова.

При истражувањето авторката била фрапирана од архаичниот македонски јазик на нашинците во Голо Брдо.

-Тој македонски јазин е зачуван во една толку изворна форма, непроменета со генерации и она што децата како сопствен идентитет, јазичен, го носат за самите себе е што се запознаваат со албанскиот јазик кога ќе почнат на училиште. Значи дотогаш,  во слободната комуникација, во рамките на семејството зборуваат на чисто изворен  македонски јазик, изјави Стојанова.

Промоторот проф. д-р  Љупчо Ристевски од Институтот за етнологија и антропологија,  книгата ја оцени како капитално дело, базирано на истражувања.

-Во оваа книга авторот  низ еден културно- историски аспект ги анализира процесите  на идентитетот , промените коишто се случуваат во различни моменти и периоди. Земени се три клучни временски маркери,  времето на Балканските војни, потоа периодот од 1948 година кога се случуваат оние драстични промени во односот на изолирањето  на Албанија , наспроти останатиот дел социјалистичкиот како што е Југославија. Како и промените коишто се случуваат по деведесетите години и воспоставувањето на демократските системи. Она што е интересно дека истражувањата покажуваа еден континуитет и истрајност на етничкиот идентитет на Македонците, особено во пределот на Преспа, каде тие апсолутно јасно стојат на овие  идентитетски основи. Тоа има свои  причини и своја позадина , рече Ристевски.  

received 434718123686140

received 1125820640899671

received 661647147540327

received 257842221723176

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани