2win800x200

Малиот битолски Монмартр во Москва (фотогалерија)

Септември 17, 2018

Ликовните уметници и младите ликовни таленти од Москва, Русија, деновиве беа пријатно изненадени од богатството и квалитетот на детски ликовни творби што Малиот битолски Монмартр ги изложи кај нив во националната библиотеката Доброљубов.

Изложбата на битолскиот Монмартр беше отворена во петокот и ќе трае до први октомври. Таму покрај тоа што можат да се видат стотици квалитетни детски цртежи, се одржаа и часови за сликање со акварел техника на кои учествуваа млади ликовни таленти од Битола и Москва.

 

Македонската делегација ја предводеше Елена Хаџи Антонова, со членовите на Студиото: Андреа Коруноска, Илина Ѓорегиевска и Елиза Хенту.

Изложбата ќе биде преземена од Детскиот ликовен центар Неменски, а исто ќе биде изложена и во Академијата за акварел „Андријаки“ во Москва.MON

MON2

MON4

MON5

MON7

MON8

MON9

MON10

MON12

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани