2win800x200

Куќичката на Дедо Мраз стана Еко центар

Октомври 05, 2018

Со цел подигање на јавната свест за чиста и здрава животна околина и унапредување на еколошкото образование,  денеска во близина на паркот кај градскиот часовник, во куќичката на Дедо Мраз беше отворен Еко центар, каде преку разни активности граѓаните ќе бидат вклучени во еколошки проекти. 

-Денес имаме промоција на еко – центарот за млади, она што го имав како градоначалник ветено, а во насока на зголемување на свеста на младите, меѓутоа и на сите граѓани воопшто. Ќе следуваат активности на еко патроли, еко проекти, еко работилници, со кои што на младите ќе им расне свеста за тоа како треба да се грижиме за животната средина, која што опфаќа повеќе сегменти, не само воздухот, кој што најмногу беше третиран во изминатиот период во Општина Битола, изјави градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Со отворањето на еко центарт се одбележува Европската недела на соработка, а од ЈП „Комуналец“ најавуваат и други проекти финансирани од евопските фондови

-Првата активност што ние ја предвидовме  во  Европската недела на соработка е отворање на  овој еко центар, со тоа што ќе го потенцираме нашето учество како корисник на финансии на проект од ЕУ, тоа е проектот „Симбиоза“, што го води ЈП Комуналец. Сакам да изразам благодарност и подготвеност на ЈП Комуналец за учество во други, слични проекти, кои што се веќе во најава, како на пример проектот помеѓу македонската и српската асоцијација на управители со отпад, под покровителство на германски фонд“, изјави директорот на ЈП Комуналец, Панде Богоевски.

Градоначалничката Петровска рече дека во изминатиот период се реализирани повеќе акции на локалната самоуправа во соработка со јавните претпријатја и граѓанскиот сектор, како и месното население, за чистење на диви депонии на разни локации, а директорот на ЈП „Комуналец, потенцираше дека претпријатието останува отворено за соработка со институциите, НВО секторот и граѓаните

eko katce 4

eko katce 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани