2win800x200

Децата од градинките на ЈОУ „Естреја Овадија Мара“ се вклучија во одбележувањето на 11 Октомври

Октомври 10, 2018

Во пресрет на Денот на востанието на Македонија, 11 Октомври, децата  од Јавната општинска установа, „Естреја Овадија Мара“, односно групите на возраст од 4 до 6 години од градинката „Пролет“, денеска се поклонија и положија цвеќе пред споменикот на нивниот патрон, во дворот на Здравствениот дом во Битола.

-Во рамките на годишната програма,  Јавната општинска установа „Естреја Овадија Мара“ ги реализира своите активности, ја негува традицијата и ги одбележува празниците. По повод празникот 11 октомври положивме цвеќе пред споменикот на Естреја Овадија-Мара. Останатите групи од другите градинки, го одбележуваат 11 Октомври со пригодни приредби“, информираат од ЈОУ „Естреа Овадија Мара“

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани