Промовирана книгата „Битолска партизанска меморија“ од Евгениј Литовски

Октомври 12, 2018

Евгениј Литовски е дел од една генерација млади, нови антифашисти кои својата идеолошка самосвест ја црпат во извесна доза и од Народноослободителната и антифашистичка борба во Македонија“, рече д-р Роберто Трајковски, на промоцијата на книгата „Битолска партизанска меморија“ чиј автор е токму Евгениј Литовски, студент по историја на УКИМ. 

- Евгениј Литовски со ова дело се вбројува во традицијата на битолски историографи кои обработуваат одредена историска проблематика во врска со Втората светска војна и НОАВМ. Делото има научно истражувачка тежина и сигурен сум дека ќе најде примена кај сите нови генерации историчари од Македонија и пошироко кои ја обработуваат оваа тема, посебно за Битола и Битолско, бидејќи знаеме дека придонесот на овој крај во Втората светска војна е огромен, рече промоторот д-р Роберто Трајковски, историчар

Станува збор за кратка брошура,каде во првиот дел се изнесуваат кратки биографии за народните херои, паднатите и преживеаните првоборци и партизани, а вторито дел се однесува на партизанските одреди, бригади и баталјони, кои се формирале во Битола и Битолско, и кои со својата активност на теренот придонеле за ослободување на целиот регион.

- Ова дело има енициклопедиски карактер и е поделено во два дела, во првиот дел се обработени околу трисетина биографии на личности од Битола и Битолско кои учествувале во НОАВМ и секако, биографијата на нивниот врховен командант, Јосип Броз Тито. Во вториот дел , освен шти се обработени биграфски податоци за единицте што се формирана во Битола и Битолско, исто така има и неколку значајни настани од историски карактер, а тоа се почетокот на востанието, 11 Октомври,  како и ослободувањето на Битола, 4 Ноември 1944. Тука се и два значајни настани кои имаат државотворен карактер , а тоа се Првото и Второто заседани на АСНОМ, додаде д-р Трајковски.

Младиот автор во предговорот ја образложува целта на книгата „Битолска партизанска меморија“.

-Во период кога се уништуваат споменици и спомен-бисти на луѓето врз чија антифашистичка борба лежат темелите на оваа наша македонска држава, потребно е да се присетиме на нив и на нивните херојски дела. Тоа се борците и партизаните кои го положиле својот живот за националноослободителната и антиокупаторска борба. Затоа, денес, сеќавањето на овие личности, веројтано е потребно повеќе од било кога, наведува авторот Евгениј Литовски.

Издавач на книгата е ОО на Сојузот на Борци од Битола, а свое обраќање на промоцијата имаше и претседателот Александар Трајковски, кој беше директен учесник во НОАВМ.

-Голем број луѓе се вклучија во Народноослободителната борба, а населението на Битола и битолско дејствуваше импресивно во партизанските одреди. Со познатиот менталитет на космополитизам и патриотизам, голем број од редовите на средношколската младина и студентите веднаш пристапија во партизанските одреди. Тоа се случуваше под непосредно раководство на месниот комитет на Комунистичката партија на Битола, чиј секретар беше легендарниот нардоен херој Стив Наумов. Кон крајот на 1943 и почетокот 1944 беа формирани голем број партизански единици, со кои се водеа фронтални борби со окупаторот. Во јули 1944 година усепавме да ослободиме голема територија околу манастирот Прохор Пчински и овозможивме да се одржи Првото заседание на АСНОМ, на кое се донесени значајни одлуки со кои се удрија темелите на државноста на Република Македонија, рече во своето обраќање првиот човек на битолската боречка организација , Александра Трајковски.

Брошурата  е  издадена  по повод 11 Октомври, денот на почетокот на вооружената борба против германско-бугарскиот окупатор.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани