52 филмови во трка за пласман на Фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола

Октомври 18, 2018

Започна жирирањето на 52 простигнати филмови за учество на 26-от Интернационален фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола. Меѓународното стручно жири во состав: мајстор на аматерскиот филм Љупчо Петровски , проф. д-р Андон Андонов од Бугарија, проф. д-р Мишо Нетков од Скопје , Владан Анѓелковиќ од Белград и м-р Димитар Спасевски од Битола деновиве ќе ги погледнат сите филмови и ќе го направат изборот за филмови во официјална конкуренција. Фестивалот ќе се одржи на втори и трети ноември, в очи Денот на ослободувањето на Битола кога најдобрите ќе бидат наградени со Гран При, Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300, Плаќета за најдобра режија, репортажа, монтажа и други специјални награди.

 

„52 притсигнати филмови се од осум земји низ светот. Квалитетот далеку отсксокнува за разлика од минатите години. Можеме да кажеме дека се на нивото на професионалци. Ме радува што и младите аматери од Македонија напредуваат во однос на квалитетот за што зборува и масовното учество на филмски аматери од Македонија. Би издвоил дека Киноклубот од Прилеп неоуморно работи и испрати огромен број на филмови“, рече Стевче Хаџиантоновски, претседател на фестивалот.

Запрашан кој е мотивот 26 години да го организира овој фестивал, рече дека има за цел да го продоплжи Манакиевото дело, а годинава се навршуваат 120 години откога се појавија Манакиеви со своето фото ателје и 150 години од раѓањето на Јанаки Манаки.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани