Битолчанец ранет при лов

Октомври 22, 2018

Ловџија бил тешко повреден од огнено оружје вчера додека бил на лов со пријателите во близина на битолското село Лисолај. 

По несреќата тешко повредениот К.Т.(59) од Битола бил однесен во  Клиничката  болница,  каде му биле констатирани тешки повреди.

Според полицијата, несреќата се случила во 8.30 часот, во атар на селото Лисолај.

Критичното утро К.Т. (59) бил на лов со неговите пријатели  Г.М. (43), Б.П. (65), Б.В. (58) и З.В.(29), сите од Битола и во еден момент се здобил со повреди од огнено оружје.

Полицијата извршила увид на местото, а бил известен и јавен обвинител.

„Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, се наведува во полицискиот билтен. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани