Ноември 13, 2018

Креативен споменик и вело- паркинг поставени пред ЈКП „Водовод“ –Битола на прославата на 90 годишнината

Октомври 25, 2018

Инвентивен споменик кој потсетува на делови од системот на битолскиот  водовод, како и велосипедски паркинг се  поставени пред седиштето на ЈКП „Водовод“ во Битола. Битолски „Водовод“  прославива исклучително важен јубилеј  90 години од постоењето.

Раководниот тим на претпријатието заедно со вработените со низа свечености и настани  ќе го одбележат јубилејот.  Воедно ЈКП „Водовод“ за оваа  година најавува низа на проекти кои треба да го подобрат водоснабдувањето во градот, а ќе се обнови и добар дел од водоводната мрежа со цел граѓаните да добијат што поквалитетни услуги.

Воедно претпријатието ќе врши контрола и откривање на дефекти и злоупотреби на водоводниот систем. ЈКП „Водовод“ ќе спроведе проекет и за едукација на младите  како рационално да ја користат водата и да научат да ја штедат.

vod

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани