Ноември 16, 2018

Јавните претпријатија во Битола со јавен отчет пред граѓаните

Октомври 26, 2018

На јавна трибина директорите на петте  јавни претпријатија во Битола дадоа отчет што сработиле во изминатат година од кога ги презедоа функциите. Во малата сала во Центарот за култура во Битола, пред граѓаните тие зборуваа во каква состојба ги затекнаа претпријатијата, што исполнија од предвидените задачи и што планираат за следната година. Поздравен говор и сублимат на работата на јавните претрпијатија во изминатата година даде и градоначалничката Наташа Петровска која им се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба.

 

Во ЈП Индустриска зона „Жабени“, директорот Александар Марковски по преземањето на функцијата наишол на низа проблеми во самата зона како  немање на технички прием за фекална канализација што е потенцијална можност за еко-катастофа, рече тој. Недоволен капацитет на пречистителната станица и немање на собирен базен со механичка решетка за прибирање на цврст отпад од фекалната канализација.

-Договорена е динамика за решавање на проблемот со фекалната канализација, нејзина санација од страна на изведувачот и обезбедување на технички прием, откако ќе се извршат потребните мерења. Отпочната комуникација со професори од градежен факултет, за да се изнајде решение за зголемување на капацитетот на пречистителната станица, а се  планира да се изготви проектна програма за решавање на проблемите со пречистителната станица, рече Марковски набројувајќи дека наскоро во „Жабени“ ќе отпочнат со работа , Еко Енерџи Италија- за преработка на био отпад,  Цераметал Грција за  автоматско наварување на челични лимови, како и фирми од Турција, Бугарија, Хрватска...Но, како што рече Марковски проблем за нив е што немаат база на податоци со каков кадар располага регионот.

За ЈП „Пазари“- Битола, хигиената во двата пазари во градот  е на прво место, рече директорот Александар Касапов.

- Пари не се штедат за средства за хигиена, средства за дизинфекција како и за вода за миење на Долниот пазар, на Горниот Реонски пазар, како и на спратовите и паркингот  во Горниот Реонски пазар, рече тој. Касапов откри дека сирењарата дури девет години не била темелно исчистена, категоричен дека тоа не смее да се повтори, како и тоа што 15 години не била целосно исчистена ниту канализационата мрежа во Градскиот пазар.

Касапов најави покривање на делови во долниот пазар со приоритет за покривање на делот пред управната зграда на ЈП „Пазари“ познат како место каде што се продава бижутерија.

- Со поддршка на градоначалничката договорено е проектот за покривање делови во долниот пазар да го изработи ЈП За Урбанизам и просторно планирање. По изработката на проектот следува распишување на јавен повик со цел да се избери изведувач и потоа ќе се пристапи кон реализација, најави Касапов.

И ЈКП „Нискоградба“ даде ретроспектива на изведените и реализирани проекти. За тековно одржување и крпење на улиците во градот набавен е нов гребач за поефикасна работа.

-Ја реконструиравме атмосферската канализација на „8-ми Септември“ иако договорот на изведба беше на 40 дена работите се завршија за 30 дена.  Се зафативме со доизградба на колекторскиот систем кај Бегова чешма во Националниот парк Пелистер, како и изработка на колектор за фекални отпадни води за Бегова чешма, (од Шумски фенери до Шаторот) во должина од 330 метри, работите се во тек. Започнавме со чистење на наносите на реката Драгор, рече директорот на ЈКП „Нискоградба“ Методи Силјановски.  

ЈКП „Водовод“-Битола годинава слави голем јубилеј 90 години од постоењето, рече директорот Горан Козаров осврнувајќи се на историјатот на претпријатието, на развојот и растот.Сега  ЈКП Водовод Битола има 500 км водоводна мрежа, (300 км градска мрежа и 200 км во руралните средини ).

-„Водовод“ обезбедува чиста вода за пиење на околу 100 илјади жители во Битола и околните села. За подобрување на водоснабдувањето беа преземани мерки за изградба на нови или проширување на постојните објекти, рече Козаров  најавувајќи обнова и проширување на возниот парк, ревитализација на филтер и пумпна станица, изградба на нов потисен водовод  од пумпа до филтер станица, надоградба на СКАДА системот, проширување на водоводната мрежа во градот и селата, како и проекти во управната зграда и стопанскиот двор.

-Но, не застануваме туку прокетираме и планираме подобрување на водоводната мрежа, и нашите услуги, со професионалност и посветенот во секоја капка вода, зошто секоја капка е важна, рече Козаров.

ЈКП „Комуналец“-Битола  најави дека во изминатиот париод за собирање на отпадното стакло поставени се 60 специјални контејнери, а продолжува соработката и со граѓаните при што се поделени 140 канти за отпадна пластика во населба Стрелиште. Во  првите 6 месеци пајак службата подигнала  257 непрописно паркирани возила. Шинтерската служба заловила  96 кучиња скитници.  

Директорот на ЈКП „Комуналец“ Панде Богоевски  ја нагласи и непријатна ситуација со големиот пожар во депонијата Маглеци , но како што рече  се е надминато и во моментот депонијата е во многу добра состојба.

-За да имаме почиста, поубава, позелена Битола потребни се мотивирани работници. Затоа во месец јуни, исплатен е годишен регрес во висина од 15 600 денари за секој вработен, а веќе од месец септември, после долги години е подигната и платата за  8,3 %, рече директорот Богоевски.44814319 2212988602323800 2754953475770023936 n

44767686 2235858769991966 1840350244605263872 n

44825769 183879882543383 8739915519991218176 n

43604379 1487352098062645 5468428386483306496 n

43542749 333246480558678 7305904868470816768 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани