Под мотото „Оти поубо те личи со книга в рака“, Литература.мк отвори нова книжарница во Битола

Ноември 17, 2018

По пауза од три години, откако беше затворена единствената специјализирана продавница за книги во Битола, од денеска во градот повторно е отворена книжарница, овој пат на Литература.мк. Во простор од 20 м2 на Широк Сокак бр. 40 со модерен, артистички уреден ентериер, од „Литература.мк“ велат дека ги носат светските книжарски трендови и во Битола. 

-Во Битола донесуваме книжарница каква што заслужува. Книжарницита е точно на Широк Сокак, каде што пулсира културата и културниот живот на битолчани. Верувам дека нашата книжарница ќе биде врталиште на сите љубители на пишаниот збор, рече  Бранка Бугаринска, директор на издаваштво во Арс Ламина

 На полиците на книжарницата ќе може да се најдат познати домашни и светски наслови. 

-Книжарницата нуди светски бестселери и домашни автори, во моментот имаме околу 700 наслови, најнови хитови, класици, детска литература, потоа учебни помагала, учебници, школски прибор итн, вели Бугаринска.

Денеска на отворањето на книжарницата има специјален попсут од 30 проценти на сите изданија на Арс Ламина, но од таму најавија дека во текот на годината ќе има и други промоции и акции.

thumbnail 2

thumbnail 4

thumbnail 5

thumbnail 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани