2win800x200

Битола домаќин на натпреварот во стандардни, латино-американски и модерни спортски танци

Ноември 19, 2018

Во организација на танцовиот спортски клуб Степ Ап од Битола, вчера  на 18.11.2018 во спортската сала „Павел Шатев“ во Битола се  одржа  четвртиот по ред Бодовен натпревар во стандардни, латино-американски и модерни спортски танци. На натпреварот учество зедоа сите 7 клуба кои што се членови на Танцовата Спортска Федерација на Македонија со над 200 члена, а  клубот домаќин се закити со 19 први места, 7 втори, 5 трети места и пласман во неколку финалиња.

-Задоволни сме од тоа како течеше натпреварот во целост, натпреварувачите го дадоа својот максимум, а резултатите не изостанаа. Континуираната работа и вложена енергија на тренерите резултираше со напредок кај сите наши натпреварувачи во сите старосни групи и категории. Секако трудот и вложувањето на децата имаат големо влијание и поради тоа продолжуваме со засилено   темпо на работа кон уште поголеми спортски достигнувања, истакна претседателот на клубот, Вера Сретенова-Симјановска

Натпреварот се одвиваше во четири дела, спортски танцови двојки во стандарни танци А лига, спортски танцови двојки во латино американски танци А лига, спортски танцови двојки во Б лига, модерни спортски танци. Натпреварувачите беа оценувани согласни пропозициите на овој спорт од вкупно 7 судии.

step7

step2

 

step5

 

 step4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани