2win800x200

Породилните маки на битолска Дистрибуција - Првата светилка на Широк Сокак светнала во 1924 година

Ноември 20, 2018

Симеон Бундалевски ја донел електричната светлината во Битола уште пред 94 години. Овој битолски Никола Тесла немал ни дозавршено технички факултет, но успеал градот да го електрифицира во 1924 година, само три-четири лета по Скопје. Неговата заслуга е уште поголема зашто може да се каже дека минал низ иглени уши за да изгради првата битолска електроцентрала. Породилните маки на битолска Дистрибуција од пред еден век слични се на некои настани од поновата историја. И во тоа време имало корупција, алчност и опструкции.

 

Новинарот и публицист Кирил Допрушевски во книшката „Првата термоелектроцентрала во Битола“ објавена пред повеќе од 40 години, пишувал дека Бундалевски бил син на македонски печалбар во Романија кој имал пари да го школува. Но, прво му наметнувал да стане хирург, па трговски работник, за по неуспесите да му дозволи да се запише на она што сака, на Киевскиот политехнички институт. Но, фатила Првата светска војна, па Октомвриската ревилуција, не го дозавршил факултетот и семејството се вратил во Македонија.simeon bundalevski

(Симеон Бундалевски) 

„Сонувал за поставување на електрично сонце на битолското небо, поради што и се обидел да ја изгради првата електроцентрала. Му помогнал Михаило Ракиџиев, истакнат деец од Илинденскара револуција и прв домаќин на Гоце Делчев за време на неговиот престој во Битола. ‘Ако не успеавме да ја ослободиме Македонија, тогаш мислам дека имаме сили барем да ја осветлиме Битола’, му рекол Ракиџиев“, напишал Добрушевски.

Кога требало да ја добијат концесијата, Начеството на Општината го стопирала извршувањето. Според Добрушевски, претседателот на Општината, Драгиќ Пауновиќ, во 1923 година, за да им ја даде концесијата ги условил да напишат лажна изјава дека од извесен Тодорос Аруести зеле 500 наполеони чисто злато, па го примаат како ортак, а други пари нема да бараат. За да не им пропаднат дотогаш вложените пари, прифатиле и така добиле ортак кој не дал ни банка, а потпишале и меници прифајќајќи тој да има право на 50 отсто од добивката.

Во бизнисот како инвеститор влегол и инженерот Славко Бокшан од Белград , застапник на германската фирма „Кабелверк“, инаку биограф на Никола Тесла, како и Отмар Енд, директор на белградската филијала на „Браун Бовери“. Опремата била монтирана во зградата од поранешната трикотажа Пелистер. Бил набавен дизел мотор од Грац и струјата потекла на 24 декември 1924 година.

„Широк Сокак и просторот околу Саат кулата беа преполни со народ. Никој не сакаше да си ја скрати можноста да го доживее првиот блесок на ‘електричното сонце’ во градот. Бундалевски од својата канцеларија на Широк Сокак, телефонски му наредил на машинистот, Австриецот Франц Тројнко, да ги активира машините и да ги запали светилките низ битолските улици. Тишината ја распараа извиците на одушевување“, запишал Добрушевски.

За жал, потрошувачката на електрична енергија во почетокот била сосема мала. Елекрично осветлување вовеле само неколку битолски домаќинства. По домовите имало повеќе клавири отколку електрични светилки. Ваквата парадоксална состојба, пипшува Добрушевски дека зборувала за присуство на снобизам и традиционализам. Дури во текот на втората година започнало помасовно прифаќање на електричното осветлување.

Тогашната власт сакала да се добери до профитот

Авторот пишува дека и политичките кругови не ги радувал равојот на електричната енергија. Функционерите биле учени од секој профит да извелечат што повеќе за себе. Новиот претседател на општината Никола Марковиќ започнал низа спорови против Дистрибуција. Прво ги тужел зашто концесијата била за хидроцентрала, а потоа барал да се врати зградата зашто општината имала намера да ја користи за старата намена. Но, тоа немало логика зашто претходно била труска болница за душевно болни. Ги изгубил спотовите.

Кога се направиле првите обиди за проширување на електроцентралата, Општината го испратила кметот Коста Мужа да го спречи физички проширувањето. Заедно со општинските полицајци и со пожарникарска кола се обиделе да ги растераат мајсторите. Дури и прваниот застапник на Електродистрибуција, зет на поранешниот градоначалник, правел интриги. Тој без знаење на Бундалевски потпишал акт во кој ги признал побарувањата на дел од инвеститорите кои задоцнето барале исплата на опремата со големи камапти. Со ова сакале Електродистрибуција да ја стават во стечај.

Имотот на централата проценет колку дрвата што ги трошела за 18 дена

И веднаш по проширувањето во 1929 година, градската полиција направила попис на целиот имот на компанијата. Се испратило соопштението до граѓаните струјата да ја плаќаат кај извесен инженер. Но, Бундалески ги известил претплатниците дека не постои судско решение за тоа. Пред надлежните органи разоткрил некои трансакции и го довел адвокатот и неговите соработници да одговараат пред судските органи за измама.

Централата не паднала во рацете на алчните функционери и некои бизнисмени, но во 1941 година добила нови господари, ја окупирале фашистите. Трошоците растеле, а и грабежот на имотот. Во 1942 година судот направил отуѓување во општествена корист и имотот бил процентет на 629 188 лева колку 786 кубни метри букови дрва кои централата ги трошела за 18 дена. По ослободувањето, централата била во општонародна сопственост и работела сѐ до 1952 година.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани