2win800x200

Битолцизми

Декември 10, 2018

Пишувам јас, Златко Самарџиев, викан Кекел, ама ако ме викаат од подалеку, тогаш викаат КЕКЕЕЕЕЛЛЛ!

Здраво убај љуѓе на планетава Земја, честитки до земјата шо не крепи вакви какви шо сне! Битолцизми ти се зборој шо се користат само во Битола. Добро де, можи не само и само во Битола, ама само битолчани можат да ги разберат ко шо треба.

 

ЗУЛЕМАРКА 

За овој ептен скроз фкрај битолцизам, голема благодарност до Томе Кузмановски. Значи, на Томе ова му го кажал дедо му, кој бил фурнаџија, имале фурна карши Стара Болница, сегашна градска библиотека кај шо беше кафичо „Мадера", едно време...

Значи, во Битолската чаршија бил некој шнајдер (или терзија) кој се презивал Зулевски и на прекар нормално го викале Зуле, Зуле терзијата. Некои од повозрасните генерации сигурно се сеќаваат на него, оти работел некаде до кај 1970. Во 50-те години од минатиовек и во Битола дошла модата на фармерките од Америка. Арно ама немало од кај да се купат и ретко кој имал можнос да носи фармерки. Тие шо имале роднини во Америка некако се снаоѓале, а тие шо немале такви роднини – ништо – биле без фармерки. И во една таква ситуација мајстор Зуле терзијата успеал некако да се снабди со фармерско платно, (нашол некој канал за набавка од Америка). Пошто бил терзија, зел крој и напрајл мерки по големини од некој модел на фармерки и почнал да шие, да шие оригинал фармерки во Битолската чаршија. Бизнисот добро почнал му да ој. Арно ама времето покажало дека фармерките на Зуле терзијата биле со слаб квалитет. Не можеле да се токмат со далеку подобрите Леви'с, Рифле или др. И така, некој ко ќе прашал: „А бе шо марка ти се фармерките", одговорот бил "Зуле-марка", а бидејќи биле со слаб квалитет тој збор се одомаќинил кај голем дел од населението. Или што би рекле ние битолчаните за нешто што не чини – то е "зулемарка".

КОПУК.

То си е термин тамам за некој кај е сиромашен, нема нишо, ни стан ни работа, ни шодоблечи, ни жена ни деца. Е то ти е прав копук. И така, ногу копуци останале стари беќари.

ТОПУК.

Го има на машки чел (чевел де), со метални нитни во облик на полумесечина, назад на топукот и напред на шпицо од чевело. Кога машкото ој со нив, се слуша оддалеку, како женските сеа шо се слушхат со високи штикли (и црни чорапи... само шо чорапите не се слушат). Инаку, под „топук" се подразбира и карактерна особина за дојденците во Битола.

ТОЛОЛО.

Не е тољољо, туку тололо, со меко, битолско „"л". То ти значи шупелка, арно ама - кај шупелка, кај тро згрешен од роџење. Пример за коландисвање на „тололо":

- А ле не ја гледаш, дома неприбрана! Цел ден на Сокако троши пари од мажот му, ој Лерин на кафе, ручек нема напраено, куќа, деца видено, дома невлезено... а онај нејзинио, а мори како збор настрана му нема речено!
- Шо да му речи ле? Не о глеаш шо тололо е?

Саба саба 

Дај ми бор машина ми вели.

Шо? Аман комшивке му велам, немој, рано е.

Та ми вели Поарно да си се фатела за работа оти ногу за дупење имала.

Излегов, од тоа комшивката гла не можам да кренам, куртул не се најдвАА. Се туку бара нешто на заем. Ко ќе фати саба саба - дај ова дај она.

(автор е  Златко Самарџиев-Кекел, битолчанец кој забележува и објавува битолцизми)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани