2win800x200

НВО "Еко-Жена" од Битола со донација за децата во заводот "Кочо Рацин"

Декември 20, 2018

Невладината организација "Еко жена" од Битола, по повод претстојните Новогодишни празници, за штитениците од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух "Кочо Рацин", донираше андроид бокс и 60 пара чорапи.

Донацијата денеска  во оваа установа ја предадоа членките на "Еко Жена".

Ова граѓанско здружение кое се финансира исклучиво од членарината на околу 70  активистки, претежно пензионерки, покрај основната определба за заштита на животната средина, има и хуманитарни активности,  а нивните донации се насочени за маргинализираните групи- лицата со попреченост, социјално загрозени семејства, деца без родители итн. Најчесто нивните хуманитарни активности ги организираат за празници, со цел и овие лица да ја почувствуваат празничната атмосфера.

Од "Еко жена", чиј претседател е Љупка Балојани,  најавуваат дека нивните хуманитарни акции ќе продолжат и во иднина

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани