2win800x200

За развој на руралните средини во Пелагонија ќе се вложат близу 6 милиони денари преку Пелагонискиот плански регион

Декември 21, 2018

За проекти што ќе се имплементираат во селските  средини во Пелагонија, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со поддршка на Министерството за земјоделие ќе вложи близу 6 милиони денари.  

-Нови проекти за Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион финансирани од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, преку кои ќе се унапреди земјоделството и руралниот развој во регионот.
Во рамките на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој , Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со поддршка на МЗШВ во руралните средини на Пелагониските општини ќе имплементира проекти со вкупна вредност од 5 855 968 денари.
Целта на проектите е да се олесни пристапот до обработливите површини, како и да се зголеми и олесни производството на земјоделски производи, изјави Гого Видимче , директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани