2win800x200

Акумулацијата „Стрежево“ доби концесија за организирање рекреативен риболов

Декември 28, 2018

Јавното претпријатие " Стрежево" и Владата на Република Македонија потпишаа договор за концесија на риби за организирање рекреативен риболов на рекреативната зона " Акумулација Стрежево".

Денес ЈП Стрежево-Битола склучи договор за концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов во времетраење од шест години (2019-2024 година).
Во име на Владата на Република Македонија, Договорот за концесија го потпиша министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а од ЈП „Стрежево“, договорот го потпиша директорот Менде Граматковски .


-Со овој договор претпријатието ќе детектира и информира за евентуалните еколошки проблеми и импликации врз рибниот фонд, ќе ја контролира уловената риба и ќе врши поуспешно управување и стопанисување на акумулацијата „Стрежево“ во целост. Ќе вршиме заштита и ќе овозможиме користење на рибите преку планско експлоатирање на одржлив начин.Физичката заштита ќе се остварува преку сопствена рибочуварска служба составена од обучени, професионални и униформирани рибочувари.
Акумулацијата Стрежево редовно ќе се порибува секоја година, најмалку два пати годишно во согласност со риболовната основа ( со подмладок од речна пастрмка и крап), се вели во информацијата на ЈП „Стрежево“.

Од претпријатието додаваат дека –„на посебно задоволство на рекреативните риболовци планираме да вршиме и порибување со транслокација на риби со цел дополнително да ја зголемиме атрактивноста на акумулацијата Стрежево.Планираме транспарентно да организираме заединички средби со членовите на риболовните здруженија од регионот каде што ќе дискутираме за сите аспекти за поуспешно имплементирање на договорот за концесија на заединичко задоволство а пред се во интерес на граѓаните. Продолжуваме посветено и одговорно да се грижиме за заштита на животната средина“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани